Интервју Ванчо Марковски: Граѓаните најмногу должат за комуналии и за брзи кредити, а тие долгови тешко се наплатуваат

Во наредните три години Комората на извршители ќе ја предводи Ванчо Марковски, извршител од Тетово, кој во оваа професија е од 2006 година, односно од самиот почеток на приватното извршување кај нас. Вели дека меѓу другото ќе работи на подигање на рејтингот на професијата, но и на реализација на предлогот на Комората социјалната и другите помоши од државата граѓаните да ги примаат на посебни, наменски сметки, кои нема да можат да се блокираат. Според него не е точно дека по четирите месеци неработење за време на вонредната состојба извршителите ги „нападнале“ должниците, зашто во тој период биле примени малку предмети за извршување. Ланското намалување на извршителската тарифа, пак, е причина неколку  извршители да си дадат оставка, а на конкурсите да нема нови кандидати за вршење на таа професија
Неодамна сте избран за претседател на Комората на извршители во наредните три години на местото на Зоран Димов, кому му заврши мандатот. Какви новини планирате да воведете во работењето на Комората и воопшто на извршителите?

-Да, точно е, на 01.10.2020 година  на одржаното изборно вонредно собрание на КИРСМ со добивање на апсолутно мнозинство од членовите на Собранието во првиот круг избран сум за претседател на КИРСМ. Прво сакам административно и организациски да ги средиме работите во самата Комора, нормативниот дел, многу поголема медиумска активност со вистински приказ на работите преку аналитички показатели, а не само паушални фрази кои не соодветствуваат на факти. Подигање на јавниот рејтинг на самиот процес на примена на Законот за извршување како неодвојлив дел од правосудниот систем во државата. Добивање на судска пресуда после долг судски процес значи само голо парче на хартија доколку не се реализира петитумот на самата судска одлука. Подигање на интегритетот и дигнитетот на професијата извршител. Подобрување на законските услови за работа на извршителите. Создавање поповолни услови за интерес за работење на оваа професија во иднина. Комората веќе работи на предлог со кој ќе се побара социјалната помош како и слични парични дотации кои се примаат од државата да бидат исплатувани на наменски сметки на граѓаните кои ќе бидат надвор од нивните регуларни трансакциски сметки во банките и истите при евентуална блокада од било кој орган нема да бидат блокирани, односно тие дотации ќе можат слободно да ги користат.

Во вонредната состојба и нешто потоа извршителите практично ништо не работеа цели четири месеци, па  се жалеа дека останале без приходи. Вие имате извршителска канцеларија во Тетово. Може ли низ својот пример да кажете како помина тој период?

-Со една реченица – никогаш да не се повтори таквиот период. Во тој период уредбите кои што беа донесени во врска со нашето работење односно неработење го запреа активниот процес на извршување, а се дозволи да се работат дејствија за кои извршителите не можеа да наплатат ниту еден денар. Значи, во тој период извршителите правеа трошоци за плати, кирии, струја, телефони и друго, а приходот им беше нула.

Pages: 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Преводот на содржините е целосно автоматизиран

Преводот на содржините е целосно автоматизиран

Партнерства и соработка

Јавни објави за достава

Logotype1111

2026/3372
Извршител: Лазар Петровски
Име/назив на странката: Друштво за трговија,производство и услуги САМЕТ ПРОМ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово од Куманово
Позната адреса: ул.11-ти Октомври бр.13
Бр.на предмет: И.бр. 192/2026
Рок: ВО РОК ОД 1 (ЕДЕН ) ДЕНА, сметано од денот на последното објавување на ова јавно повикување

2026/3371
Извршител: Лазар Петровски
Име/назив на странката: Друштво за трговија,производство и услуги САМЕТ ПРОМ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово од Куманово
Позната адреса: ул.11-ти Октомври бр.13
Бр.на предмет: И.бр. 192/2026
Рок: ВО РОК ОД 1 (ЕДЕН ) ДЕНА, сметано од денот на последното објавување на ова јавно повикување

2026/3370
Извршител: Александар Чамовски
Име/назив на странката: Лефтер Петров
Позната адреса: ул.Ценка Павлова бр.5-14 Струмица
Бр.на предмет: И.бр.581/2026
Рок: 1 ден

2026/3369
Извршител: Александар Чамовски
Име/назив на странката: Лефтер Петров
Позната адреса: ул.Ценка Павлова бр.5-14 Струмица
Бр.на предмет: И.бр.580/2026
Рок: 1 ден

2026/3368
Извршител: Александар Чамовски
Име/назив на странката: Лефтер Петров
Позната адреса: ул.Ценка Павлова бр.5-14 Струмица
Бр.на предмет: И.бр.579/2026
Рок: 1 ден

Продажба на имот

 





НЕДВИЖЕН ИМОТ


  60/2026
Тип недвижност: Стан
Извршител: Кети Арсова
Датум продажба: 2026-05-06
 имотен лист бр. 714КО ГАЗИ БАБА-имотен лист бр. 45486 КО ГАЗИ БАБА-Вредноста на предметната недвижност како една функционална целина СЕ УТВРДУВА на износ од 168.708,00 ЕВРА, во денарска противвредност според среден курс на НБРМ на денот на продажбата, како почетна цена под која недвижноста не може да се продаде на првото јавно наддавање.Продажбата ќе се одржи на ден 06.05.2026 година во 12:00 часот во просториите на Извршителот .
Почетна цена: 0
Квадратура: 45
Град: Скопје


  403/2025
Тип недвижност: Деловен простор
Извршител: Кети Арсова
Датум продажба: 2026-05-05
 запишана во имотен лист бр. 52977 за КО КИСЕЛА ВОДА 1, при АКН на РСМ – Центар за катастар на недвижности Скопје-Почетната вредност на недвижноста намалена врз основа на Поднесок на доверителот од 28.10.2025 година, а согласно член 185 став 2 од ЗИ, СЕ УТВРДУВА на износ од 19.571,00 ЕВРА, во денарска противвредност, по среден курс на НБРМ на денот на продажбата, под која недвижноста не може да се продаде на третото јавно наддавање-Продажбата ќе се одржи на ден 05.05.2026 година во 12:00 часот во просториите на Извршителот .
Почетна цена: 0
Квадратура: 24
Град: Скопје


  101/2025
Тип недвижност: Деловен простор
Извршител: Зорица Симиќ
Датум продажба: 2026-05-06
 Имотен лист бр.193577 КО Драчево 2, Почетната вредност на недвижноста, утврдена со заклучок И.бр.101/2025 на извршителот изнесува 325.893,40 ЕУР во денарска противвредност по среден курс на НБРСМ на денот на продажбата како почетна цена за продажба на недвижноста, под која недвижноста не може да се продаде на првото јавно наддавање.Продажбата ќе се одржи на ден 06.05.2026 година во 12:00 часот во просториите на Извршителот .
Почетна цена: 0
Квадратура: 295
Град: Скопје


  3549/2024
Тип недвижност: Стан
Извршител: Андреја Буневски
Датум продажба: 2026-04-29
 Имотен Лист бр.34303 за КО Тетово 2,Продажбата ќе се одржи на ден 29.04.2026 година во 12:00 часот во просториите на извршителот.
Почетна цена: 19,058,213
Квадратура: 144
Град: Тетово


  458/2026
Тип недвижност: Земјиште
Извршител: Дашмир Саити
Датум продажба: 2026-04-27
 Имотен лист бр.2278 КО ФАЛИШЕ при АКН на РСМ – ЦКН ТЕТОВО -Продажбата ќе се одржи на ден 27.04.2026 година во 13:00 часот во просториите на Извршителот.
Почетна цена: 9,704,700
Квадратура: 5260
Град: Тетово


ПОДВИЖЕН ИМОТ


 1608/2016
Движнина: Друго
Извршител: Гордана Џутеска
Датум на продажба: 2026-04-30
  -Телевизор Quart попишано со налепница број 0059, на предлог од доверителот почетната вредност е намалена од проценетата вредност и изнесува 2.000,00 денари, која вредност претставува почетна цена за второто усно јавно наддавање и други подвижни предмети-Продажбата ќе се одржи на ден 30.04.2026 година во 10.00 часот во просториите на Извршителот.
Почетна цена: 2,000
Град: Охрид


 1608/2016
Движнина: Друго
Извршител: Гордана Џутеска
Датум на продажба: 2026-04-30
  -Телевизор Quart попишано со налепница број 0059, на предлог од доверителот почетната вредност е намалена од проценетата вредност и изнесува 2.000,00 денари, која вредност претставува почетна цена за второто усно јавно наддавање и други подвижни предмети-Продажбата ќе се одржи на ден 30.04.2026 година во 10.00 часот во просториите на Извршителот.
Почетна цена: 2,000
Град: Охрид


 1727/2024
Движнина: Машини
Извршител: Зорица Симиќ
Датум на продажба: 2026-04-23
 

опис наосн.сред-Градежна машина - булдожер производителHSW DRESSERтип/модел TD40E број на шасија/
фабрички број 4600001P000529 вредност во евра 7.500во денарска противвредност по среден курс на НБРСМ на денот на продажбата, намалени по предлог на доверителот согласно чл.110 став 2 од ЗИ, кои вредности претставуваат почетни цени за второто усно јавно наддавање и други подвижни предмети-Продажбата ќе се одржи на ден 23.04.2026 година во 11:00 часот во просториите на Извршителот.
Почетна цена: 0
Град: Скопје


 207/2026
Движнина: Друго
Извршител: Павел Томашевски
Датум на продажба: 2026-04-22
  Трактор марка NEW HOLLAND,тип FIAT 55-56/LM/8,број на шасија 001211982,број на мотор 206663150 сила 40.40 KW,година 2001 - и други подвижни предмети-Продажбата ќе се одржи на ден 22.04.2026 година во 12:00 часот во просториите на извршителот.
Почетна цена: 369,000
Град: Скопје


 207/2026
Движнина: Друго
Извршител: Павел Томашевски
Датум на продажба: 2026-04-22
  Трактор марка NEW HOLLAND,тип FIAT 55-56/LM/8,број на шасија 001211982,број на мотор 206663150 сила 40.40 KW,година 2001 - и други подвижни предмети-Продажбата ќе се одржи на ден 22.04.2026 година во 12:00 часот во просториите на извршителот.
Почетна цена: 369,000
Град: Скопје

Обука за обучувачи (ТоТ)

1111

Одлуки

Logotype1111

Дисциплинска комисија

Најди извршител

mapa_mk

Огласи за продажба

nedvizen imot
New Image
LogoHeader2014
aukciska_kukja

Академик

image001

Член на Деловен совет

uacs_logo

зсрм

header
QRCode
lupa-6

Испит за извршители

ispit na izvrsiteli 2

bannerbg_main

usaid

Најчести прашања

prasalnik 2

26122011162156_g_komisija-za-zastita-na-prav

usaid

Анкета

Новиот дизајн е:

Резултати од гласањето

Loading ... Loading ...
April 2026
M T W T F S S
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930