Archive for March 2015
Извршителите лани наплатиле околку 108 милиони евра
Зголемен број предмети, но пад на реализацијата за три осто, бележат извршителите во 2014 година. За разлика од 2013 година, кога беа наплатени околу 127 милиони евра, вкупниот износ на наплатени средства кои извршителите го наплатиле за доверителите лани изнесува 107.876.768 евра (6.634.421.234 денари).
СОВЕТУВАЊЕ нa тeма: „Дисциплинска постапка и дисциплинска oдговoрност на извршителитe“
На ден 20.03.2015 година Комората на извршители на РМ организираше во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев советување на тема „ Дисциплинска постапка и дисциплинска oдговoрност на извршителитe“. повеќе...
ТРКАЛЕЗНА МАСА: “Судска заштита против неправилности при извршувањето”
Судска заштита против неправилностите при извршувањето“ беше темата на тркалезната маса што се одржа на 13 март во Штип, во организација на Комората на извршители на Република Македонија (КИРМ) во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители. На настанот учествуваа извршители, судии и претседателите на судови. повеќе...
Работна посета
На ден 10. февруари 2015 година во просториите на Комората на извршители на РМ оствари работна посета кандидат за судија на Државната правосудна академија на Република Франција, врз основа на Меморандум за соработка со Академијата за судии и јавни обвинители. На работната посета извршителот Александар Пулејков од Скопје го запозна кандидатот Alexis Liberge со правниот систем на земјата во делот на извршувањето. повеќе...
Работилница на тема “Размена на искуства за спроведувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“
Извршителите Зоран Димов и Кети Арсова присуствуваа на работилницата во организација на TAIEX – Инструментот на Европската Комисија за техничка поддршка и размена на информаци, а во соработка со Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 5 и 6- ти февруари во Скопје на тема ”Размена на искуства за спроведувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“.Повеќе…
Известување
Комората на извршители на РМ ги известува граѓаните кои биле странки кај извршител Стојанка Бреслиска од Штип, во иднина да се јавуваат во канцеларијата на извршител Силвана Митевска именувана за подрачјето на Основен суд Штип и Основен суд Свети Николе, на адреса: “Плоштад Тошо Арсов” број 56 Штип или на e-mail: izvrsitelmitevska@gmail.com , на телефон 032 390 101 .
Родители полни со пари, не плаќаат алиментација
Родители кој не плаќаат алименатација завршуваат на суд, и на основа на судска постапка се обврзани да ја надоместат издршкатана другиот родител со кој живее детето. Во 2014 година двајца скопјани завршиле во затвор поради не плаќање на алиментација Повеќе…
Донација за поплавените региони во Република Македонија.
Комората на извршители на Република Македонија донираше парични сретства за помош на настраданото население од поплавените подрачја во Република Македонија, преку солидарниот фонд на Црвениот крст на РМ
Учество во СОВЕТУВАЊЕ нa тeмa „Надомест на штета од дејствија нa нотaр, адвокат и извршител“
Претставници од Комората на извршители на РМ учествуваа во советување на тема: „Надомест на штета од дејствија на нотар, адвокат и извршител“ кое се одржа на ден 26.02.2015 година во организација на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев повеќе...