Влез за корисници

lock_forum
lupa-6

Меѓународна конференција

111

Испит за извршители

ispit na izvrsiteli 2
bannerbg_main
usaid

Најчести прашања

prasalnik 2
26122011162156_g_komisija-za-zastita-na-prav

Анкета

Новиот дизајн е:

Резултати од гласањето

Loading ... Loading ...
September 2018
M T W T F S S
« Aug    
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930

Годишно собрание на КИРМ: Годинава за првпат на средби со обвинителите

ИЗВРШИТЕЛИТЕ СЕ СООЧИЈА СО ОБВИНИТЕЛИТЕ: Над 100 кривични пријави поднесени против извршителите во период од 7 годиниВторник, 4 февруари 2014 – Регионални средби со обвинителите и за првпат страници во печатените медиуми преку кои ќе се информираат извршителите за сите тековни состојби, ова се новините кои во Годишнот извештај ги усвоија извршителите на Годишното собрание на Комората на извршители на РМ, што викендов се одржа во Струмица. Печатените изданија на издавачката куќа „АКАДЕМИК“, како и најдобрата збирка на важечки прописи со дневно ажурирање „АКАДЕМИКА“, ја дополнија информираноста во извршителската фела. 

Викендов во Струмица се одржа редовно Годишно собрание на Комората на извршителите на кое се донесоа важни акти за работењето на Комората и се презентираа досега преземените активности, што претседателот, Гордан Станковиќ ги реферираше пред членовите.

Извршителите се согласија за две новини што треба да ги направат во годинава што не очекува. Станува збор за регионални средби со нивните колеги обвинители, и издавање на информативни страници во некој од печатените медиуми, преку кое ќе можат сите 90 членови да се информираат.

„Сметаме дека кај колегите обвинители има недоволни познавања од областа на извршувањето. Тие се занимаваат со расчистување на тешки криминални активности, со организирани криминали, сето тоа е кривично право, а ова е граѓанско право. Некогаш се појавуваме како обвинети или сведоци во постапки, а очигледно тоа е непотребно. Ќе има четири средби со обвинителите на регионално ниво, а средбите со новинарите веќе ги започнавме. Одлучивме средбите со претставниците на медиуми да ги продолжиме“, вели Станковиќ.

Една од новините е и да се направи информативно четиво „Извршителски лист“.

„Направивме сајт, постоеше портал и порано, но сега е целосно нов, имаме и форум за интерна комуникација. Идејата е да направиме и „Извршителски лист“, да се објавува десет пати во година, со цел членовите на Комората да бидат во целост информирани, појаснува Станковиќ.

На Годишното собрание, членовите на Комората имаа можност да слушнат за сите одлуки и постапки кои се преземени досега. Покрај тоа се информираа и за следните чекори на раководството.

„Се презентираше годишниот Извештај за преземените активности во Комората, односно кои активности се преземени во земјата и во странство, поврзани со законите, случувањата во обвинителството, позицијата на извршителите во кривичните постапки против нив, дисциплинската одговорност итн. Презентиравме колку постапки се покренати против извршителите колку од нив се казнети, а колку се ослободени. Укажавме на трошењето на парите, односно големината на буџетот, колку се трошело, дали има некои значајни отстапување од планираното, или, пак, е помалку потрошено од претходно планираното. Донесуваме одлука да се усвои Извештајот, одлука за усвојување на завршната сметка, одлука за идниот план“, вели претседателот Станковиќ.

Извршителите одредија место и време за нивната задолжителна едукација. Оваа година се одредени три термини, викендов што помина, термин во јуни и во ноември.

Следниот семинар извршителите ќе го одржат во Србија, а учество ќе заземат и странски учесници од Бугарија и Албанија.

„Комората во 2013 година потпиша Меморандум за соработка со Коморите на извршителите на Бугарија, Србија и Албанија во кои што е договорено покрај останатото, треба да се обидеме да ги збогатиме нашите стручни едукации со размена на искуства, судка пракса и законски решенија што ги има во соседните земји“, појасни Станковиќ.

Корисни печатени изданија наменети за извршителите

Покрај случувањата на редовното Годишно собрание, извршителите имаа можност да се запознаат со печатените изданија од страна на издавачката куќа „АКАДЕМИК“, како што се: Законот за извршување, Закон за сопственост и други стварни права со Закон за договорен залог, Закон за управни спорови, Закон за облигациони односи и последното издание, Закон за стечај со коментар.

Иако поголемиот број на извршители веќе се корисници на најдобрата збирка на важечки закони со дневно ажурирање akademika.com.mk , сепак останатите имаа прилика да се запознаат со базата, нејзината функција и примена.

РАСПРЕДЕЛБА

Logotype1111

Новости

 

12741923_223063811373098_4535535635364534759_n

Најди извршител

mapa_mk

Огласи за продажба

nedvizen imot
discrimination
New Image
LogoHeader2014
aukciska_kukja
New Picture

Академик

image001

Член на Деловен совет

uacs_logo

зсрм

header

Browse Front Page

Featuring Top 10/144 of Front Page

Subscribe

Read more

QRCode