Влез за корисници

lock_forum
lupa-6

Меѓународна конференција

111

Испит за извршители

ispit na izvrsiteli 2
bannerbg_main
usaid

Најчести прашања

prasalnik 2
26122011162156_g_komisija-za-zastita-na-prav

Анкета

Новиот дизајн е:

Резултати од гласањето

Loading ... Loading ...
October 2019
M T W T F S S
« Jul    
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

Спојот на младоста и искуството гарантира дека извршителската професија ќе продолжи успешно да се развива — Зоран Петрески, новиот претседател на КИРМ

Zoran Petreski

Новоизбраниот претседател на Комората на извршители на РМ (КИРМ), Зоран Петрески вчера и официјално седна на претседателското столче. Да продолжи со настојувањата и заложбите на Комората во насока на развивање и унапредување на извршувањето како дел од правосудниот систем, му порача Гордан Станковиќ, кој оваа должност ја извршуваше изминативе две години. Добро е што во Комората имаме и искусни и млади извршители, спојот на младоста и искуството гарантира дека оваа професија ќе продолжи успешно да се развива, вели Петрески. 

 

 

Секој граѓанин да ги дознае своите права и обврски во моментот кога ќе се најде пред извршител, без разлика дали е во улога на доверител или должник, ова е една од целите за чие што целосно остварување, како што уверува, ќе се залага новиот претседател на Комората на извршители Зоран Петрески чиј двегодишен мандат започна од вчера.

 

„Ценам дека Комората во изминатите две години направи сериозен исчекор во своето работење. Пред сѐ мислам дека „излезе“ во јавноста, што е многу важно. За жал сѐ уште постојат прашања кои се однесуваат на на извршувањето, а за кои граѓаните не се доволно информирани, па честопати секој од нас, како извршител, се соочува со проблеми кои произлегуваат од неиформираноста на граѓаните и мислам дека една од активностите на Комората би била таа: секој граѓанин да ги дознае свите права и обврски во моментот кога ќе се најде пред извршител, без разлика дали како доверител или должник. Добро е што во Комората имаме и искусни и млади извршители, спојот на младоста и искуството гарантира дека оваа професија ќе продолжи успешно да се развива“, вели Петрески.

 

Досегашниот претседател Гордан Станковиќ, кој и понатаму директно ќе биде вклучен во активностите на Комората како член на новиот Управен одбор, „клучот“ од Комората, како што на шега вели, му го предава со „весело срце“ и со порака за понатамошни заложби за унапредување на улогата на извршителството.

 

 

„Мојата препорака до новиот претседател Зоран Петрески е да продолжи со развивање и унапредување на улогата на извршителството и на извршителската Комора, како и со настојувањето на Комората да даде свој придонес  во развивање на правната држава и развивање на принципот владеење на правото. Во таа смисла, Комората на извршителите на РМ има значајна улога во однос на подобрувањето на законската регулатива и во подобрувањето на подзаконските акти, но исто така и во правилното и навремено извршување на судските одлуки, контролата врз работата на извршителите и крајно – односот со јавноста преку нејзина едукација и запознавање со извршувањето и обврските што произлегуваат за граѓаните од судските одлуки“, потенцира Станковиќ.

 

Новиот Закон – неопходен услов за подобрување на состојбите во извршувањето

 

Еден од најголемите и најважните предизвици кој му претстои на актуелниот претседател на Комората во блиска иднина е успешното спроведување на новиот Закон за извршување што моментно се наоѓа во владина процедура.

 

 

„Законот е во владина процедура и очекуваме наскоро да се најде пред пратениците во Собранието. Покрај донесувањето на Законот треба да бидат донесени и подзаконски акти. Сметам дека придобивки од новото законско решение ќе има за сите. Очекуваме Законот да донесе подобрување на квалитетот на извршувањето, како и расчистување на сите оние негативности кои изминативе осум години се детектирани – значи ќе има подобрувања и за самите должници“, појаснува Петрески.

 

За Станковиќ, изготвувањето на Предлогот на Законот за извршување претставува најголема придобивка на Комората во текот на неговиот мандат.

 

„Законските решенија содржани во овој Предлог-закон гарантираат подобрување на состојбите во извршувањето: истотото ќе се забрза и ќе стане поефикасно, странките поедноставно ќе ги исполнуваат  на нивните права и целата постапка ќе биде многу подобрена“, вели тој. Во овој контекст тој додава дека напредок гледа и во односот на Комората на извршителите и на извршувањето со јавноста преку подобрување на контактите со медиумите. Слабостите, пак, ги лоцира во односот на Комората со одредени институции.

 

 

„Сѐ уште има простор да се подобри соработката со Министерството за внатрешни работи во поглед на одземање на моторни возила, сѐ уште може да се подобри пристапот на извршителите до базите на податоци бидејќи ние обавуваме јавна служба и според закон имаме право на пристап до тие податоци, а во праксата често се случува тие да не нѝ се достапни. Во овој момент, во рамки на Министерството за правда се работи на еден проект финансиран од ЕУ чија цел е да му се овозможи на секој извршител од својата канцеларија да има директен пристап до некоја од базите на податоци, а тоа се разбира ќе биде пропратено со извесна контрола. Немам престава колку тоа ќе вроди со плод: дали на пример ќе имаме нпристап до централната пријавница на МВР, би било исто така добро извршителот да има право на пристап  до Македонско кредитно биро…“, истакнува Станковиќ.

 

Ако не постои извршувањето, нема да има ниту извршување на правдата

 

Новиот претседател на Комората се сложува со мислењето на својот претходник дека „извршителската професија е круна на правосудниот систем“.

 

 

„Извршувањето апсолутно не е обврска ниту на доверителот, ниту на извршителот. Извршувањето е обврска на државата, односно државата нашла начин како извршувањето да биде поефикасно. Во Република Македонија тоа е приватното извршување и дефинитивно тоа е круна на еден правен процес. Во некои држави извршителите се нарекуваат и офицери на правдата: ако не постои извршувањето нема да има ниту извршување на правдата. Имате пресуда и таа пресуда можеме да си ја „чувате во џеб“, ако немате кој да ја изврши. Обврската на извршителот е токму тоа – да го заврши процесот. Извршителската професија за овие осум години навистина се развива по вистинскиот пат, само минатата година се наплатени нешто помалку од 13о милиони евра. Наплаќањето на 130 милиони евра од должниците значи намалување на внатрешниот долг на Македонија за 130 милиони евра, тоа значи враќање на овие пари во стопанството. Ова е еден голем придонес на извршителите во развојот на РМ“, подвлекува претседателот на КИРМ Зоран Петрески.

 

Новиот Управен одбор на КИРМ, чии членови се досегашниот претседател Гордан Станковиќ од Скопје, како и извршителите Премтим Керими од Куманово, Христо Јованов од Скопје, Емилија Павловска од Штип, Славица Ацкоска од Тетово и Милица Николовска од Битола на чело со Петрески вчера ја одржа и првата седница.

 

 

Zoran Petreski

Јавни објави

Logotype1111

Новости

 

12741923_223063811373098_4535535635364534759_n

Најди извршител

mapa_mk

Огласи за продажба

nedvizen imot

Ј О_abstract

discrimination
New Image
LogoHeader2014
aukciska_kukja

Академик

image001

Член на Деловен совет

uacs_logo

зсрм

header

Browse Front Page

Featuring Top 10/158 of Front Page

Subscribe

Read more

QRCode