Влез за корисници

lock_forum
lupa-6

Меѓународна конференција

111

Испит за извршители

ispit na izvrsiteli 2
bannerbg_main
usaid

Најчести прашања

prasalnik 2
26122011162156_g_komisija-za-zastita-na-prav

Анкета

Новиот дизајн е:

Резултати од гласањето

Loading ... Loading ...
October 2019
M T W T F S S
« Jul    
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

СЕМИНАР НА ИЗВРШИТЕЛИ: Eксперти од регионов дебатираа на теми од областа на извршувањето

seminar-izvrsiteliИзвршители од повеќе држави од регионот, високи претставници на македонското правосудство и универзитетски професори изминатиов викенд зедоа учество на семинарот кој во организација на Комората на извршители на Македонија (КИРМ) се одржа во Ниш, Република Србија. Извршување врз фидуцијарна сопственост, Примена на начелото на судење во разумен рок во извршувањето, Извршување врз основа на веродостојни исправа од страна на приватен извршител во Србија, Злоупотреба на правата на странките во извршувањето… – беа дел од темите на кои се говореше во рамки на настанот.Прашањата поврзани со обезбедување на побарувања со пренос на сопственост на предмети и пренос на права со посебен осврт на остварувањето на правото на доверителот во случај на задоцнување на должникот преку извршител пред присутните подробно ги објасни проф. д-р Арсен Јаневски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Јаневски појасни дека ова средство, познато уште и како фидуцијарен пренос на правото на сопственост или пренос на права, првпат е воведено во македонскиот правен систем со измените и дополнувањата на Законот за извршната постапка (ЗИП) од 1997 година и целта е да можат да се обезбедат како парични, така и непарични побарувања.
„Обезбедувањето се остварува на начин што едната или двете странки, односно доверителот и/или должникот можат да бараат од судот да определи рочиште на кое во записник ќе ја внесе спогодбата на странките за обезбедување на побарувања на доверителот, при што должникот му ја пренесува сопственоста на некој предмет на доверителот, така што предметот, ако поинаку не е договорено, останува и понатаму во владение на должникот или за таа цел должникот на доверителот му пренесува некое право“, посочи универзитетскиот професор и додаде дека —вакво обезбедување наместо должникот, може да даде и некое трето лице кое не е и должник на побарувањето.
Ако доверителот го отуѓи или оптовари предметот, како што истакна проф. д-р Јаневски, иако тоа не смеел да го стори, таквото отуѓување или оптоварување не произведува правно дејство и доверителот ќе му одговара на должникот за штетата која со тоа му е причинета. Нагласува дека посебно внимание заслужува прашањето, дали овој вид на обезбедување е од акцесорна природа во однос на побарувањето кое се обезбедува.

„Овој вид на обезбедување не е од акцесорна природа, односно за преносот на правата не е од значење дали побарувањето настанало, дали воопшто ќе настане, или е ништовно, или е побиено, или престанало со исполнување или на некој друг начин. —Поинаква ситуација ако дојде до поништување на договорот за обезбедување – должникот може да бара од доверителот да му го пренесеправото на сопственост дадено за обезбедување, дури и тогаш кога сеуште постои побарувањето, кое со тој договор е обезбедено“, наведе Јаневски.
Постапката за намирување на доверителот во случај на задоцнување на должникот ја спроведува нотар или извршител. Доверителот, како што беше потенцирано во презентацијата, е овластен да побара од должникот преку нотар или извршител, во рок од 15 дена од денот кога должникот паднал во задоцнување, да го извести должникот и да поднесе барање предметот на кој е пренесено правото на сопственост да се продаде, или пренесеното право да се претвори во пари преку нотар или извршител. Во известувањето, меѓу другото, должникот е должен да ја определи најниската цена по која предметот може да се продаде, односно правото да се впаричи, при што таа не може да биде пониска од обезбеденото побарување, зголемена за каматите и трошоците на доверителот кои се предвидени, а ќе настанат до истекот на рокот до кој нотарот, односно извршителот, мора да го продаде предметот или впаричи правото, како и предвидениот данок на промет.
Забавената правда е еднаква на неправда
Преку презентацијата на Николчо Николовски, претседател на Одделот за судење во разумен рок при Врховниот суд на Република Македонија, како и претседател на Здружението на судии на РМ, беше анализирана примената на начелото на судење во разумен рок во извршувањето.

Николовски потсети дека правото на судење во разумен рок е релативно ново правно средство, односно дека истото е воведено во македонскиот правен систем во 2008 година, како и тоа дека Европската конвенција за заштита на човековите права во член 6 предвидува секое лице да има право на судење во разумен рок, пред независен и непристрасен суд, востановен врз основа на закон.
„Забавената правда е еднаква на неправда“, истакна Николовски порачувајќи дека правото на судење во разумен рок им е дадено на сите физички, како и правни лица.
Како што наведе, определување на статусот на жртва во таквата постапка детерминира дали во конкретен случај ќе има повреда на право на судење во разумен рок во кое има придонес и постапката за извршување или не.
Врховниот суд на РМ праксата единствено ја црпи од Европскиот суд за човекови права. Според Николовски, конкретно пресудите каде е утврдено неразумно долго траење во постапката на извршување се малубројни.
„Не се тоа голем број на предмети, тоа се многу мал број на предмети ако се има во предвид дека онаа голема бројка што ја имавме во 2012 година претежно заврши со отфрлање на барањата како неуредни и во еден дел како неосновани барања бидејќи се оцени дека доверителот постапувал неадекватно, односно не презел дејствија кои со закон бил должен да ги преземе за да може постапката да продолжи пред судот. Значи се работи за постапки исклучиво во време кога судот бил надлежен за извршување и цениме дека таквите постапки биле неефикасни, но за неефикасноста допринел доверителот, а не судот. Токму заради слабостите на таа постапка, тој систем на извршување е ставен вон-сила и е преминато на систем на извршување преку извршители“, вели врховниот судија.
Во контекст на ова како релевантни одлуки на Европскиот суд за човекови права каде должината на извршната постапка не била во согласност со барањето за разумен рок Николовски ги посочи: „Пецеви против Република Македонија“, „Бочварска против Република Македонија“, „Јовановски против Република Македонија“, „Николов против Република Македонија итн.
Србија: паралелен систем на извршување
Александра Трешњев, претседателка на Комората на извршители на Србија подробно ги запозна присутните со надлежностите на извршителите во Србија, а посебен акцент стави на темата „Извршување врз основа на веродостојни исправи“.

Трешњев истакна дека системот на извршување со посредство на извршители како можност во Србија е воведен со Законот за извршување и обезбедување од 2011 година согласно кој првите извршители должноста почнаа да ја вршат во мај 2012 година.
Појасни дека во Србија постои паралелен систем на извршување – преку суд или преку извршител, односно по избор на доверителот.
За разлика од македонските законски решенија кои предвидуваат дека нотарот носи решение со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа, во Србија, каде нотарската служа се очекува да биде воведена од 1 септември годинава, самиот извршител го издава решението.
„Извршителите се исклучиво надлежни за наплата на побарувањата настанати од комунални услуги и слично. Во таа, посебна постапка, извршителите носат решение со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа и ја спроведуваат постапката до нејзиното завршување. Само во случај ако должникот поднесе приговор, предметот заедно со приговорот се доставува до судот на одлучување. Во поглед на останатите побарувања, кои се утврдени во извршна исправа или кои се засноваат на веродостојна исправа, решението за извршување го носи судот, а извршителот само го спроведува извршувањето.“, рече претседателката на Комората на извршители на Србија.
Во овој момент во Србија се именувани 130 извршители, а предвидени 334 извршителски места. Законот за извршување предвидува еден извршител на 25.000 жители.
Според Трешњев, првите резултати од извршувањето покажале значајно скратување на траењето на постапката, како и висок процент на наплата на побарување.
Злоупотреба на правата на странките во извршувањето – прашање на маргините на научното истражување
Учесниците имаа прилика да го слушнат и излагањето на проф. д-р Гордана Станковиќ од Правниот факултет во Ниш на темата „Злоупотреба на правата на странките во извршувањето“.
Универзитетската професорка потренцираше дека токму злоупотребата на процесните овластувања во постапката на извршување, како дел на извршната постапка, претставува правно прашање кое до сега не предизвикало посебен интерес во стручната литература, поради што истото се наоѓа на маргините на научното истражување и обработка.
„Поради својата природа и значење, ова прашање можеби и треба да го привлече вниманието и на цивилистите и на процесуалистите бидејќи станува збор за проблем кој задира во две гранки на правото. Исто така, ова прашање е несомнено значајно и за самата постапка на извршување во праксата бидејќи истото претставува асоцијална појава која и извршниот суд и приватните извршители треба, во рамките на своите законски овластувања да ја откријат, спречат и санкционираат“, истакна таа.
Станковиќ укажа дека злоупотребата на процесните овластувања во постапката на извршување, извршителите треба да ја спречат не само кога го спроведуваат извршувањето, туку и кога го определуваат извршувањето на побарувањата кои се настанати при давање на комуналните услуги.
Според Станковиќ на теренот на извршната постапка, злоупотребата на процесните овластувања воглавно се јавува во фазата на спроведување на извршувањето и е насочена кон пролонгирање на принудната реализација на правото на извршниот доверител. Сигурен знак за утврдување на евентуалната злоупотреба, како што нагласи во својата презентација, е секогаш недостатокот на оправдан правен интерес.
„Во судската практика се воочени голем број на случаеви на злоупотреба на процесните овластувања, без оглед на тоа што многу од нив и останаа непознати на пошироката стручна јавност или што останаа без соодветна санкција. Современите законски решенија во Законот за извршување и обезбедување на Република Србија, во согласност со препораката на Советот на Европа, се мотивирани со настојувањето да се оствари ефикасност, делотоврност и правичност на извршувањето како составен дел на човековото право на правично судење во разумен рок“, заклучи проф. д-р Станковиќ.
Меѓу другото, во рамки на настанот, од страна на претставниците на Комората на извршители на Србија беше врачена благодарница на КИРМ за донацијата која македонските извршители ја дадоа на најзагрозените од поплавите во Србија.

преземено од академик

Јавни објави

Logotype1111

Новости

 

12741923_223063811373098_4535535635364534759_n

Најди извршител

mapa_mk

Огласи за продажба

nedvizen imot

Ј О_abstract

discrimination
New Image
LogoHeader2014
aukciska_kukja

Академик

image001

Член на Деловен совет

uacs_logo

зсрм

header

Browse Front Page

Featuring Top 10/158 of Front Page

Subscribe

Read more

QRCode