Влез за корисници

lock_forum
lupa-6

Меѓународна конференција

111

Испит за извршители

ispit na izvrsiteli 2
bannerbg_main
usaid

Најчести прашања

prasalnik 2
26122011162156_g_komisija-za-zastita-na-prav

Анкета

Новиот дизајн е:

Резултати од гласањето

Loading ... Loading ...
October 2019
M T W T F S S
« Jul    
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

Зајакнување на финасиската дисциплина е клучна придобивка од воведувањето на извршителската професија во Србија — Александра Трешњев, претседател на Комората на извршители на РС

img_6915_2-253x300

Извор-Академик

Од 1 септември годинава на должност во Србија стапија нотарите. Пред две години, пак, своите места во српскиот правосуден систем ги зазедоа приватните извршители. Воведувањето на овие нови професии има за цел изградба на современ и ефикасен правен систем. Зајакнувањето на финасиската дисциплина е основна придобивка од работењето на приватните извршители, вели Александра Трешњев, претседател на српската Комората на извршители. Таа во интервјуто за АКАДЕМИК говори за предизвиците со кои се соочува оваа млада професија во Србија. 

Првите приватни извршители во Србија стартуваа со работа во мај 2012 година. Предвидени се 334 извршителски места, од кои засега се пополнети 218.

„Судските извршители во Србија функционираат паралелно, администрацијата не се намали со воведување на приватните извршители. Сѐ уште има околу 400 судски извршители. Можам да кажам дека доста кадри во Србија се ангажирани во областа на извршувањето и се надевам дека тоа ќе даде позитивни резултати. Бројот на извршни предмети во Србија е толку голем што не може да се реши со „волшебно стапче“ и јас сум сигурна дека извршителската професија во голема мера ќе допринесе за подобрување на оваа состојба. Законот за извршување предвидува еден извршител на 25.000 жители, а се именуваат на подрачје на виш и стопански суд“, вели претседателката на Комората на извршители во Србија, Александра Трешњев.

Трешњев појаснува дека приватните извршители најмногу се ангажирани во комунални предмети.

„Најмногу работиме со комунални предмети бидејќи тука сме исклучиво ние надлежни и доверителите немаат на кому да ги дадат предметите освен на нас. За разлика од кај вас, во таа посебна постапка, извршителите се тие кои носат решение со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа и ја спроведуваат постапката до нејзиното завршување. Само во случај ако должникот поднесе приговор, предметот заедно со приговорот се доставува до судот на одлучување. Во поглед на другите предмети,  банките и претпријатијата и физичките лица претпазливо нѝ  доаѓаат, некако имам впечаток дека сѐ уште немаат доволно доверба“, посочува таа.

Иако, како што вели, засега нема податоци колку извршителите во Србија наплатиле ланската година, претседателката уверува дека наплатата е зголемена, а процентот на решение предмети постојано расте. Една од основните придобивки од воведувањето на приватните извршители во Србија според нејзе е зајакнувањето на финасиската дисциплина.

„Воведувањето на приватните извршители во правосудниот систем на Србија, пред две години, допринесе за пораст на доброволното плаќање на долговите за комуналии и зајакнување на финасиската дисциплина. Во случајот на едно големо јавно комунално претпријатие имаме податок дека само во еден месец нивото на доброволна наплата достигна 97 отсто. Ете тоа е најдобрата последица од воведувањето на оваа професија – финансиската дисциплина. Процентот на решени предмети постојано расте, а и ние стануваме поефикасни. Не можам точно да ви кажам колкава била наплатата минатата година, иако тоа е ефектна иформација за јавноста, можам да кажам дека почнуваме полесно да доаѓаме до податоците, службите и државните органи се запознаени веќе со нашата работа бидејќи на почеток при барањето на податоците наидувавме на отпор“, истакнува Трешењев.

Условите за вршење на оваа професија во Србија се горе-долу слични како и во Македонија, што се однесува до опремата и просториите за работа на извршителот, претседателката на Комората извршители на Србија вели дека овие услови во српското законодавство не се толку дефинирани.

Деснo: претседателот на Комората на извршители на РМ, Зоран Петрески

„Во Република Македонија има побројни и подефинирани услови, кај нас тоа не претставува стандард кој може тешко да се исполни. За разлика од извршителите, пак, нотарите кои во Србија кои стапија на должност од 1 септември, имаат бројни одредби како таа канцеларија треба да изгледа и што се треба да содржи“, појаснува таа.

Одговорноста, нагласува Трешњев, е суштинска карактеристика при обавување на  извршителската професија.

„Како и во Македонија, и во Србија извршителите се често казнувани бидејќи имаат надзор од три страни: Комората на извршители преку својата надзорна комисија врши надозор, надзор врши и Министерството за правда, надзор врши и судот. Освен ова, извршителите одговораат со целиот свој имот за штетата. Знаете одговорност е нашата суштинска карактеристика  при работењето“, нагласува таа.

Лево: српскиот министер за правда Никола Селаковиќ

„Инаку, коментарите за извршителите идат в крајност. Но, од моето искуство можам да ви кажам дека на терен имало многу помалку од незгодни ситуации отколку што очекував. Значи должниците во случајот кога побарувањето е основано тие гледаат тоа да го платат на рати и не прават проблеми ако им овозможите да го направат тоа на најбезболен начин. Јас досега не сум имала некое непријатно искуство“, додава Трешњев.

Претседателката на српската Комората на извршителите особено е горда на воспоставената соработка меѓу Комората и правните факултети во Белград и Ниш.

„Пред неколку месеци потпишавме меморандум за соработка кој освен размена на информации  искуства од областа на правото, има за цел запознавање на студентите на овие факултети со извршителската професија. Така што студентите во четврта година идат на пракса во извршителските канцеларии. Значи тоа функционира и ние сме горди бидејќи нас нѝ се потребни такви авторитети како факултетските установи“, заклучува Трешњев.

Јавни објави

Logotype1111

Новости

 

12741923_223063811373098_4535535635364534759_n

Најди извршител

mapa_mk

Огласи за продажба

nedvizen imot

Ј О_abstract

discrimination
New Image
LogoHeader2014
aukciska_kukja

Академик

image001

Член на Деловен совет

uacs_logo

зсрм

header

Browse Front Page

Featuring Top 10/158 of Front Page

Subscribe

Read more

QRCode