Влез за корисници

lock_forum
lupa-6

Меѓународна конференција

111

Испит за извршители

ispit na izvrsiteli 2
bannerbg_main
usaid

Најчести прашања

prasalnik 2
26122011162156_g_komisija-za-zastita-na-prav

Анкета

Новиот дизајн е:

Резултати од гласањето

Loading ... Loading ...
October 2019
M T W T F S S
« Jul    
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

Потпишување на меморандум за соработка

7849749B64342EA05A9D336176691A14Претседателот на Комората на извршители на Република Македонија Зоран Петрески и Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Анета Арнаудовска денеска  потпишаа меморандум за соработка.

Потпишувањето на меморандумот е резултат на потребите од заеднички настап на двете институции во нивното работење кое ги допира правните области кои се од заеднички интерес  за судството и извршителите, особено во делот на извршувањето на судските пресуди.

Академијата и Комората за наредните две години, како што истакна Арнаудовска, ќе ги прецизираат темите на обуките, како детектирани области каде што се појавуваат проблеми во постапувањето на судот со цел, како што додаде, за воедначување на судската пракса и тоа првенствено во однос на надлежностите на претседателите на судовите кои ја вршат контролата на законитоста на постапувањетo на извршителите.

„Обуките ќе бидат двонасочни бидејќи ќе треба да се унапредат и знаењата на судиите во поглед на пишување на разбирливи одлуки кои се подобни за извршување, а воедно во дел од обуките ќе бидат поканети и обвинителите за да се разгледаат можните кривични аспекти во постапувањето на извршувањето и можните злоупотреби на службените овластувања“, истакна директорката на Академијата.

Според претседателот на Комората на извршители овие семинари и обуки се добра можност за усогласување на постапувањето по одредени подрачја и судови по разни прашања.

„Последниве година-две во извршувањето се соочуваме со стотици илјади предмети кои со години лежеле во судовите, а сега ги преземаа извршителите“, рече Петрески, посочувајќи дека паричните побарувања се однесуваат најмногу за мали предмети од 100 до 200 евра од компаниите за електрична енергија, водовод, топлификација…

Како поголем проблем Петрески го наведе оној што се однесува на придонесите при враќање на работник на работа.

„Не постои законска можност да го впишете во Агенцијата за вработување работникот кој што го враќате на работа. Таа обврска ја има работодавецот кој го избркал работникот од работа. Но тоа во принцип не се случува и сега кај извршителите лежат пари кои што треба да бидат платени за придонеси, но поради овој проблем Управата за јавни приходи не може да ги заведе и ова прашање во наредниов период треба да се разреши“, истакна Петрески.

Потенцира дека приходите во извршните канцеларии се прилично намалени, што како што додаде, зборува за финансиска дисциплина помеѓу граѓаните на Македонија.

„Наплатата од извршувањето е над сто милиони евра на годишно ниво. Овие пари се вратени во стопанството, на граѓаните… Тоа не се пари кои ги заработуваат извршителите, туку тоа е наплатен долг“, рече тој.

Информира дека во моментов извршителите вработуваат околу 500 луѓе и оти на територијата на државата има над 5 илјади метри квадратни деловен простор кој се кориси во оваа постапка.

„Споредбено со времето пред да биде воведено приватното извршување во судот работеле тројца – четворица судии со неколку соработници во две или три канцеларии. Затоа и ефектите од извршувањето на овој начин се многу поголеми“, рече Петрески.

Извршителите, додаде тој, плаќаат повеќе од стотици илјади евра во текот на годината за ДДВ, што е уште еден бенефит за државата.

Во моментов во Комората на извршители во Република Македонија брои 99 извршители.

Соработката помеѓу двете институции во рамките на овој Меморандум ќе се остварува во делот на обуките кои се однесуваат на спроведување на законските надлежности во соодветната област преку одржување заеднички советувања за претседателите на судовите, судиите, јавните обвинители и извршителите, за нивно континуирано стручно усовршување, ангажирање меѓународни предавачи и експерти, обезбедување нова стручна литература од соодветната област и развивање е-леарнинг модул за обука на целните групи

Повеќе фотографии од потпишувањето на меморандумот   тука

Јавни објави

Logotype1111

Новости

 

12741923_223063811373098_4535535635364534759_n

Најди извршител

mapa_mk

Огласи за продажба

nedvizen imot

Ј О_abstract

discrimination
New Image
LogoHeader2014
aukciska_kukja

Академик

image001

Член на Деловен совет

uacs_logo

зсрм

header

Browse Front Page

Featuring Top 10/158 of Front Page

Subscribe

Read more

QRCode