Влез за корисници

lock_forum
lupa-6

Меѓународна конференција

111

Испит за извршители

ispit na izvrsiteli 2
bannerbg_main
usaid

Најчести прашања

prasalnik 2
26122011162156_g_komisija-za-zastita-na-prav

Анкета

Новиот дизајн е:

Резултати од гласањето

Loading ... Loading ...
October 2019
M T W T F S S
« Jul    
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

Последниве 9 месеци наплатени околу 73 милиони евра

извор.Академик

Последниве 8 години преку системот на извршување, кој Македонија го воведе во 2006 година, се наплатиле над половина милијарда евра. Што се однесува конкретно на бројките од годинава, пак, од Комората на извршители на РМ (КИРМ), посочуваат дека се подобрува финансиската дисциплина во државата, а извршувањето бележи пад,  тренд што се очекува да се задржи и во иднина. Осврнувајќи се на проблемите, коишто се јавуваат во постапката на извршување и на кои постојано се жалат должниците, а истовремено им создаваат главоболки и на извршителите, од Комората уверуваат дека  ќе се надминат со донесувањето на новиот Закон за извршување, кој веќе 4 години е заглавен во институционалните лавиринти.

За разлика од лани, кога наплатата од извршување достигнала до 127 милиони евра, годинава, односно заклучно со септември,  оваа бројка изнесува околу 73 милиони евра. Процентот на реализација е 33,38%, а извршени се 85.538 наплати од граѓани, 17.559 од фирми и 3.505 од државни органи. Според извештајот на КИРМ, што се однесува на работата на извршителите за овие три квартали, најголем број од должниците и понатаму се граѓаните, од кои се наплатени околу 21 милиони евра, додека на второ место се фирмите, од кои се наплатени  најмногу пари, околу 43 милиони евра. Од органите на државата, врз основа на долг, извршителите прибрале 9,2 милиони евра. На листата на државни фирми, најголем должник останува „Македонија пат“. Најмногу средства се извршени во Скопје, а најмалку во Кочани, Берово, Виница и Делчево.

„Иако годинешните податоци се однесуваат за девет месеци, според темпото на работа, не очекуваме дека ќе ја достигнеме вредноста наплатена минатата година бидејќи показателите се дека извршувањето од година во година е сè помало“, изјави претседателот на Комората на извршители, Зоран Петрески, на презентацијата на Извештајот.

Според скопскиот извршител Гордан Станковиќ, падот се должи на зголемената финансиска дициплина кај должниците.

„Таквата состојба е поради зголемувањето на финансиската култура или дисциплина на должниците, кои не го чекаат последниот момент за да ги намират долговите, односно да им бидат наплатени преку извршител“, рече Станковиќ, додавајќи дека овој тренд се очекува и во иднина.

Системот на извршување сè уште се соочува со тешкотии – новиот Закон за извршување во ќорсокак

Најголемиот број претставки поднесени до Народниот правобранител, коишто се однесуваат на извршителите, се поради несоодветното доставување на налогот за извршување, поради целосното блокирање на трансакциските сметки, како и поради извршувањето на социјалната помош, што е изземено од Законот за извршување.

Ваквите проблеми, според извршителите,  пред сè се должат на законски недоречености и неусогласеност на законските решенија поврзани со извршувањето, но и на отсуство на поддршка од релевантните фактори во приватниот сектор – осигурителните компании, банките, кои не се многу расположени за соработка и не одговараат на барањата од извршителите за информации во врска со должниците, или пак тарифите за тие информации се доста високи. Тие истовремено посочуваат дека тешкотии се јавуваат и поради недостиг од институционален дијалог со министерствата што се надлежни за релевантните регистри, како што се информации за граѓанскиот статус на должникот, за неговиот социјален статус итн.

Говорејќи на тема „Доставување на писмена“, извршителот Премтим Ќерими од Куманово, член на Управниот одбор на Комората, истакна дека има случаи во пракса кога странката намерно си го менува името, но и проблем со адресните податоци. Сепак, тој потенцира дека извршителот е должен секој неуспешен обид за достава да го констатира со службена белешка.

„Доставата на актите кои произлегуваат од работата на извршителот се врши со непосредно предавање на актот од страна на извршителот и по пошта. Ако остане безуспешна, доставата се врши со јавна објава“, појасни Ќерими.

Емилија Павловска, потпретседател на Комората на извршители и извршител од Штип, вели дека кај граѓаните се создал најголем револт по префрлањето на старите предмети од судовите кај  извршителите.

„Ние почнавме да блокираме сметки, но голем дел од луѓето на коишто им беа блокирани сметките дојдоа кај мене со информации што мене не ми се познати, односно дека се долги години технолошки вишок и не смеат да им се повлекуваат пари. Јас од тоа немам никаква корист, а  граѓанинот е во загуба бидејќи на негов товар е блокирањето и деблокирањето на сметката “, истакна таа.

Од друга страна, извршителите посочуваат дека најголемиот дел од проблемите со кои се соочуваат тие и должниците, вклучувајќи го и оној со целосното блокирање на сметката, ќе станат минато кога ќе се донесе новиот Закон за извршување што веќе 4 години лута низ институциите и никако да се најде на дневен ред во Собранието.

Правејќи паралела на сегашниот систем на извршување и на претходниот, кој беше во рацете на судовите, претседателот на Апелациониот суд во Штип, Стојанче Рибарев,  посочи дека придобивките од новиот систем се многу значајни за целокупното фунционирање на државата.

„Во основните судови, во зависност од големината на подрачјето што го покриваа, имаше по еден извршен судија или најмногу по тројца извршни судии. Доверителите со само еден судија се осудени на неуспех. Се извршуваа помалку од 20% од пресудите, другите не се извршуваа, или, пак,  извршувањето траеше со години. Со сегашниот систем, процентот на извршени пресуди надминува 60%. Државата од овој аспект го погоди системот на извршување што има навистина позитивни влијанија врз доверителите, но и врз стопанството“, рече Рибарев и додаде дека најголемиот број пресуди што ги губеше во минатото Македонија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур биле токму поради неефикасните постапки во извршувањето.

Првиот човек на Штипска апелација упатува дека секоја странка во извршувањето, во согласност со законот, има право веднаш по приемот на налогот од извршител да поднесе приговор до претседателот на Судот, кој е должен во рок од 72 часа да донесе одлука, со што е овозможено да биде исправена каква било грешка во конкретниот предмет. Доколку повторно не е задоволна од одлуката на Судот, странката може да се жали до повисокиот суд.

Конкретно, на Штипското апелационо подрачје, минатата година имало над 900 приговори против извршители, но најголемиот дел биле одбиени како неосновани.

„И за оваа година се очекува истата бројка. Не можам да се пожалам на зголемено незадоволство кај должниците. Сепак, над 80% од приговорите се одбиваат како неосновани. Должниците најчесто се жалат бидејќи не биле известени дека ќе им се блокира сметката, но Законот го дозволува тоа  “, појасни Рибарев.

Од 1 јануари 2014 година до 30 ноември 2014 година по повод вкупно доставените  33 предлози за поведување дисциплинска постапка од Министерството за правда, Комората има изречено 17 дисциплински казни на извршител и тоа 11 парични казни и 6 јавни опомени.

Јавни објави

Logotype1111

Новости

 

12741923_223063811373098_4535535635364534759_n

Најди извршител

mapa_mk

Огласи за продажба

nedvizen imot

Ј О_abstract

discrimination
New Image
LogoHeader2014
aukciska_kukja

Академик

image001

Член на Деловен совет

uacs_logo

зсрм

header

Browse Front Page

Featuring Top 10/158 of Front Page

Subscribe

Read more

QRCode