Објаснување на измените на Законот за парничната постапка
Собранието на Република Македонија ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за парничната постапка.
„Целите што треба да се постигнат со измените и дополнувања на Законот за парничната постапка, се: создавање на законски претпоставки за посоодветно остварување и заштита на правата на странките во постапката, преку зголемување на степенот на нивната одговорност за успехот во спорот со давањето на законско право на странките, нивните законски застапници или полномошници непосредно и без претходна дозвола од судот, да поставуваат прашања на странките, сведоците и вештаците; обезбедување посоодветни законски механизми странките да дојдат до доказите кои им се потребни во постапката, а не се наоѓаат кај нив; системско усогласување на одредбите на посебната парнична постапка по платни налози преку усогласување со предложените решенија за нотарски платен налог во Предлогот на закон за нотаријатот; зголемување на вредноста на споровите од мала вредност и споровите од мала вредност во стопанските спорови; зголемување на вредноста на предметот на спорот по кој постапува судија поединец во општата парнична постапка како и во постапката по стопанските спорови, како и пропишувањето на задолжителен обид за решавање по пат на медијација на стопанските спорови до 1.000.000 денари а по кои постапката се поведува со тужба пред суд, пред поднесување на тужба до суд. Со иземените и дополнувата на Законот за парничната постапка се исполнуваат и препораките на извештаите на “Doing business“на Светска банка“ – Законско образложение на измените и дополнувањата на Законот за парничната постапка
Со членот 1, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 18, 20, 22, 23, 24, 25 став 1, 27 од Предлогот на закон се доуредуваат одредбите од Законот за парнична постапка во делот на задолжително водење на записник во форма на тонски запис.