Измени и дополнувања на Законот за додадена вредност
На ден 31.7.2015 во Службен весник на РМ бр. 129/2015 година се објавени измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност со кои, меѓу останатото, се допрецизира и доуреди даночниот третман на прометот во постапките за извршување согласно Законот за извршување на начин што се уреди случајот кога имотот кој е предмет на продажба во постапката на присилно извршување е сопственост на лице кое гарантира за даночниот долг. Измените исто така го регулираат времето кога настанува даночниот долг во постапката за присилно извршување пред извршител, како и ситуацијата кога доверителот се стекнува со имотот на должникот со продажбата спроведена пред извршител. Согласно завршните одредби на Законот за изменување и дополнување на Законот за додадена вредност, започнатите постапки за присилно извршување до денот на влегување на законот во сила на 08.08.2015, ќе се завршат согласно одредбите од овој закон.