Влез за корисници

lock_forum
lupa-6

Меѓународна конференција

111

Испит за извршители

ispit na izvrsiteli 2
bannerbg_main
usaid

Најчести прашања

prasalnik 2
26122011162156_g_komisija-za-zastita-na-prav

Анкета

Новиот дизајн е:

Резултати од гласањето

Loading ... Loading ...
November 2018
M T W T F S S
« Oct    
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930  

Потпишан Меморандум за соработка

memorandum-za-sorabotkaПретседателот на Комората на извршители на Македонија, Зоран Петрески и претседателката на Комората на извршители на Косово, Емине Шерифи-Љубеничи,  потпишаа Меморандум за соработка.

Целта на Меморандум е воспоставување на соработката меѓу двете комори, како и унапредување на професијата преку имплементација на најдобрите практики и искуства.

„Како Комора можеме да и дадеме поддршка на Комората на приватни извршители на Косово како со искуството, така и со одредени предлог-решенија кои функционираат во Македонија, а да бидеме и нивна поддршка во воспоставувањето односи со Меѓународната унија на извршители и со останатите земји од соседството“, рече претседателот на Комората на извршители на Македонија Зоран Петрески.

Според претседателката на косовската Комора на извршители, Емине Шерифи-Љубеничи Меморандумот освен што е значаен за унапредување на новиот систем на приватни извршители на Косово, акцент треба да се стави на соработката во реализацијата на барањата на доверителите кон должниците со седиште или престојувалиште во Македонија или во Косово.

Еден од предизвиците е меѓуграничното извршување или соработката во реализацијата на барањата на доверителите кон должниците со седиште или престојувалиште во Македонија или во Косово кој останува да се уредува од највисоките државни институции“, рече Шерифи-Љубенич.

Со потпишувањето на денешниот Меморандум за соработка, Комората на извршители на Македонија, како што рече Петрески, го заокружува процесот на воспоставување соработка со коморите од соседството.

„Досега имаме одлична соработка со коморите на извршители на Србија, на Бугарија и на Албанија, а од сега соработката се проширува и со Косово“, истакна тој.

Петрески, како што посочи, единствено се уште односите со Комората на извршители на Грција не се најдобро формализирани.

„Иако коморите на извршители на Македонија и на Грција имаат првични контакти уште пред неколку години, поради познатите политички причини за жал таа соработка не е официјализирана и не е на ниво како со останатите комори“, рече тој.

РАСПРЕДЕЛБА

Logotype1111

Новости

 

12741923_223063811373098_4535535635364534759_n

Најди извршител

mapa_mk

Огласи за продажба

nedvizen imot
discrimination
New Image
LogoHeader2014
aukciska_kukja
New Picture

Академик

image001

Член на Деловен совет

uacs_logo

зсрм

header

Browse Front Page

Featuring Top 10/146 of Front Page

Subscribe

Read more

QRCode