lupa-6

Меѓународна конференција

111

Испит за извршители

ispit na izvrsiteli 2
bannerbg_main
usaid

Најчести прашања

prasalnik 2
26122011162156_g_komisija-za-zastita-na-prav

Форум

lock_forum

Анкета

Новиот дизајн е:

Резултати од гласањето

Loading ... Loading ...
October 2017
M T W T F S S
« Aug    
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031  

10 ГОДИНИ КОМОРА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

akad 2

На ден 03.06.2016 година се одбележа свечен јубилеј по повод 10-годишнината од основањето на Комората на извршители на РМ. Извршувањето е една од најуспешните реформи во македонскиот правосуден систем, а воведувањето на системот на извршување го оправда своето постоење и ги положи сите испити во изминатите 10 години, беше нагласено на свечениот настан.

„Изминаа десет години од денот кога првите именувани извршители ја одржаа првата средба и ја основаа Комората на извршители на Република Македонија. Почит од сите нас за основачите кои го поминаа трнливиот пат на докажувањето дека извршувањето е столб на секој правосуден систем“, истакна претседателот на Комората на извршители, Зоран Петрески.

Петрески нагласи дека извршувањето е една од најуспешните реформи во македонскиот правосуден систем и потенцираше дека со новиот Закон за извршување, кој ќе почне да се применува од 20 август годинава, сите недостатоци и проблеми кои се појавуваа изминатите десетина години ќе се решат.

На свечената академија се обрати и претседателката на Меѓународната унија на судски извршители, Франсоа Андро, која го поздрави денешниот јубилеј изразувајќи задоволство дека македонските извршители и македонската Комората на извршители успешно функционираат, како што и во знак на обединувањето на извршителската дејност на денешниот настан присуствуваат претседателите и претставниците на коморите на извршители на Србија, Албанија, Бугарија, Косово и Црна Гора.

Министерот за правда Валдет Џафери истакна дека воведувањето на извршителите во македонскиот правен систем било револуционерно решение кое го оправдало своето постоење, покажувајќи дека новиот систем за извршување е функционален и ефикасен  и дека во иднина со новиот Закон за извршување сите противречности и проблеми ќе се надминат.

Во насока на новите решенија во новиот Закон за извршување, говореше и заменик-министерката за правда Билјана Бришкоскa-Бошковски, која нагласи дека една од основните цели на новиот закон е поефикасно остварување на правата на граѓаните, на правните лица и на сите учесници во постапката.

За соработката помеѓу Адвокатската комора и Комората на извршители говореше претседателот на АКРМ Никола Додевски, кој посочи дека во практиката адвокатите и извршителите имале одлична соработка и изрази уверување дека таквата позитивна практика ќе продолжи и во иднина. Задоволство од заемната соработка искажа и претседателката на Нотарската комора на Република Македонија Зорица Пулејкова, која оцени дека функционирањето на извршителите подразбира ефикасен правосуден систем кој ги следи европските стандарди.

Државниот секретар во Министерството за финансии Игор Димитров рече дека извршителите се клучна алка во правосудниот систем, но и во економскиот систем, особено во однос на функционирањето на деловните субјекти за кои правната сигурност е од исклучиво значење. Елена Милевска-Штрбевска од Стопанската комора на Македонија рече дека постоењето на организираната Комора на извршители не е императив само за Македонија и за нејзиниот правен систем, туку е императив на секој современ правен систем, чија пак ефикасност е иманентна за работењето на компаниите.

На настанот се обратија и поранешните претседатели на Комората на извршители Горан Тошевски, Антонио Коштанов, Гордан Станковиќ, кои говореа за десетгодишниот развој на извршувањето во Република Македонија, за функционирањето на Комората на извршители и за тоа низ какви предизвици се соочувала таа во нејзиното профилирање во македонскиот правен систем и во општеството.

Во рамките на јубилејот им беа доделени плакети на извршителите кои со своето дејствување го одбележаа десетгодишниот развој и етаблирање на извршителската професија и на Комората на извршители.

РАСПРЕДЕЛБА

Logotype1111

Новости

 

12741923_223063811373098_4535535635364534759_n

Најди извршител

mapa_mk

Огласи за продажба

nedvizen imot
discrimination
New Image
LogoHeader2014
aukciska_kukja
New Picture

Академик

image001

Член на Деловен совет

uacs_logo

зсрм

header

Browse Front Page

Featuring Top 10/129 of Front Page

Subscribe

Read more

QRCode