Влез за корисници

lock_forum
lupa-6

Меѓународна конференција

111

Испит за извршители

ispit na izvrsiteli 2
bannerbg_main
usaid

Најчести прашања

prasalnik 2
26122011162156_g_komisija-za-zastita-na-prav

Анкета

Новиот дизајн е:

Резултати од гласањето

Loading ... Loading ...
December 2017
M T W T F S S
« Oct    
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Примена на безбедносен протокол е повеќе од потребно – Јос Уитдехааг, правен консултант и прв квестор на Комитетот на Меѓународната унија

111111

На меѓународната конференција на тема „Актуелни правни ризици и предизвици во извршувањето“, во организација на Комората на извршители на Република Македонија, холандскиот правен консултант и прв квестор на Комитетот на Меѓународната унија, Јос Уитдехааг, говореше за правната положба, заштитата и протоколите за безбедност на извршителската канцеларија.

На почетокот од своето излагање, Уитдехааг истакна дека клучно за извршителската професија е таа да се врши од извршители чиј статус и одговорност се доследно регулирани со законските прописи што професијата ја вршат, почитувајќи ги и применувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди, засновани на правничко знаење, достоинство и чест.

Покрај поседувањето на професионалните квалитети, подвлече Уитдехааг, за квалитетно вршење на професијата, извршителот потребно е својата дејност да ја фокусира и кон тековното работење, насочена кон принципи и практики, кои првенствено се однесуваат на прашањата за менаџирањето на ресурсите, управувањето со канцелариското работење, детектирањето на потенцијалните ризици, како и на прашањата за безбедноста, превенцијата и санкциите од евентуалната агресија.
- Извршителот треба навремено да ги утврди потребните ресурси во канцеларијата, а во согласност со неопходниот план на активности поврзани со спроведувањето на извршната постапка. Таквиот план треба да ги вклучува сите процеси во канцеларијата, а кои поконкретно се однесуваат на човечките ресурси, анализата, евалуацијата, информатичката технологија и процената на ризиците, истакна Уитдехааг.

Во таа насока, тој истакна дека извршителите мора да бидат свесни за ризиците во рамки на своето практично дејствување. Процената на ризикот, подвлече Уитдехааг, е еден од клучните фактори за ефикасно вршење на професијата. Оттука, потребен е редовен мониторинг на процесите на работа и увидување и предупредување за можните грешки во тековното работење. Мониторингот, нагласи Уитдехааг, е дел од работниот процес и тој не претставува критика.
Првиот квестор на Комитетот на Меѓународната унија посочи дека извршителите во своето работење особено треба да посветат внимание и на прашањата поврзани со управувањето на предметите, проверката на клучните активности, обемот на работа и односот кон доверителите. Мошне важен сегмент во работата на извршителите, додаде тој, е и следењето на политиката на квалитет во интерното работење на извршителската канцеларија.

Во однос ова прашање, Уитдехааг образложи дека извршителот мора да ги следи барањата, интересите и очекувањата на сите заинтересирани страни и вклучени страни во работниот и деловниот процес, законските барања и потребите од подобрување на работниот процес во рамки на самата канцеларија, потоа потребата за спроведување нови информатички технологии, како и анализа на потребите што се однесуваат на канцелариското работење, за кои и вработените во канцеларијата даваат свои предлози. За овие предлози, рече холандскиот експерт, извршителот секогаш треба да се посвети внимание.

Извршителот претставува и администратор на лични податоци, посочи Уитдехааг. За да ги задржи службените и комерцијалните тајни и да ги почитува правата на доверителите, тој мора да воведе внатрешни процедури во кои ќе биде нагласена одговорноста на вработените за почитување на правилата и обврските што се однесуваат на заштитата на информациите.
Во своето понатамошно излагање, Уитдехааг се осврна и на прашањето за безбедноста во извршителските канцеларии. Во таа насока, тој говореше за протоколот за безбедност, односно протоколот за заштита од агресија, кој претставува облигаторен документ и прирачник за тоа како извршителите да се однесуваат во случај на агресија. Овој протокол, подвлече Уитдехааг, е имплементиран во Холандија и вклучува правила на однесување на вработените во канцеларијата и како да постапуваат во случај на нарушување на безбедноста, клучните точки за тоа како да се реагира на агресивни ситуации и процедурите и санкциите што треба да се преземат во случаи на евентуалните агресивни ситуации и нарушување на безбедноста на извршителот.
- Во Холандија извршителите поминуваа обука, која се однесуваше на безбедноста. Имено, тоа се курсеви и практични обуки посветени на безбедноста и спречувањето на агресија и за таа цел извршителите се обучуваа од страна на полициската академија. Извршителите треба да знаат како да се справат во таквите случаи. Голема одговорност е и се работи за навистина сериозно прашање. Но и понатаму, треба повеќе да се обезбеди заштита за оваа професија. Продолжуваме со сериозниот пристап кон овој проблем – нагласи Уитдехааг.

Познатиот холандски експерт додаде дека сите инциденти поврзани со извршителите се евидентираат во „Црна книга“ и таквата евиденција понатаму служи за анализа на случаите на агресија со што се создаваат можности за пронаоѓање соодветни решенија во врска со слабостите и подобрувањето на системот за безбедност. Во таа насока, рече холандскиот експерт, се организираат и понатамошни обуки и работилници, на кои се истакнуваат и барањата за воведување и видеонадзор на самите извршителски канцеларии, за што се изнаоѓаат и балансирани решенија помеѓу заштитата на личните податоци и потребата за безбедносното снимање.

 

 

РАСПРЕДЕЛБА

Logotype1111

Новости

 

12741923_223063811373098_4535535635364534759_n

Најди извршител

mapa_mk

Огласи за продажба

nedvizen imot
discrimination
New Image
LogoHeader2014
aukciska_kukja
New Picture

Академик

image001

Член на Деловен совет

uacs_logo

зсрм

header

Browse Front Page

Featuring Top 10/130 of Front Page

Subscribe

Read more

QRCode