За 9 месеци наплатени скоро 78 милиони евра
Во првите девет месеци од годинава извршителите наплатиле 77.808.745 евра. Според Комората на извршители на Македонија (КИРМ), како и последните две години, продолжува трендот на намалување на барањата за извршување и на вкупно наплатените средства во извршните постапки. Повеќе…
Меѓународна правна конференција „Управување со правни ризици: Правна етика и естетика“
Стартуваше меѓународната правна конференција „Управување со правни ризици: Правна етика и естетика“. Главниот град на Македонија повторно е центар на светската и регионалната правна и економска елита. На големиот меѓународен настан, во присуство на бројни учесници од земјата и регионот, говорат реномирани светски адвокати, универзитетски професори, експерти и претставници од бизнис секторот. Повеќе…
Колкава е наплатата на заостанатите долгови
Известување
Во Сл.весник на РМ бр.178 од 15.10.2015 година се објавени : Правилник за видот на опремата и просторот потребни за вршење на извршни работи
• Правилник за формата, содржината и начинот на водењето на евиденцијата за примените барања за извршување
• Правилник за начинот на вршење надзор над работата на комората на извршители на Република Македонија и на извршителите
Потпишан Меморандум за соработка
Претседателот на Комората на извршители на Македонија, Зоран Петрески и претседателката на Комората на извршители на Косово, Емине Шерифи-Љубеничи, потпишаа Меморандум за соработка.
Целта на Меморандум е воспоставување на соработката меѓу двете комори, како и унапредување на професијата преку имплементација на најдобрите практики и искуства. повеќе...
Регионална конференција нотарите и извршителите
Известување
Комората на извршители на РМ во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители на РМ “Павел Шатев” на ден 02.10.2015 година во Гостивар, организираа тркалезна маса на тема “Судска заштита против неправилности при извршувањето„ на која модератори беа г-дин Михајло Маневски, Министер за правда во пензија и судија Василка Маринковиќ од Основен суд Тетово. повеќе...
Општините и јавните претпријатија должници кон стопанството
Долгови и должници
Четврта правна меѓународна конференција „Управување со правни ризици: Правна етика и естетика
Фирмите не можат никако да наплатат од државните институции, за нив важат посебни закони.
Членот 211 од законот за извршување создава конкретен проблем на фирмите бидејќи го оневозможува извршувањето во должничко-доверителските односи помеѓу компаниите и јавните претпријатија и локалната самоуправа. Со овој член од Законот претседателите на основните судови имаат дискреционо право да го утврдуваат нужниот лимит на финансиски средства за функционирање на тие институции. Па така тие секогаш ги утврдуваат највисоките лимити и практично ги оневозможуваат фирмите преку извршување да си ги наплатат побарувањата кои ги имаат кон овие институции. Повеќе…
Омбудсманот и извршителите во судир поради поплаките на граѓаните
Народниот правобранител констатира растечки број на жалби на граѓаните поради постапките на извршителите. Досега во оваа 2015 година, 162 граѓани се пожалиле на извршителите кај омбудсманот.
Присилната наплата кошмар и за србите
Измени и дополнувања на Законот за додадена вредност
На ден 31.7.2015 во Службен весник на РМ бр. 129/2015 година се објавени измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност со кои, меѓу останатото, се допрецизира и доуреди даночниот третман на прометот во постапките за извршување согласно Законот за извршување на начин што се уреди случајот кога имотот кој е предмет на продажба во постапката на присилно извршување е сопственост на лице кое гарантира за даночниот долг. повеќе...
Четврта правна меѓународна конференција „Управување со правни ризици: Правна етика и естетика“
Четврта правна меѓународна конференција „Управување со правни ризици: Правна етика и естетика“ 27-28.10.2015, Хотел Александар Палас, Скопје Повеќе…
Граѓаните плаќаат илјадници евра на слепо
Нотарите и извршителите немаат обврска да проверуваат дали долгот, кој може да е постар и од една деценија, е застарен, а должниците кој ќе решат самите да проверат поминуваат низ вистинска голгота во банките кој ги блокирале, адвокатски и нотарски канцеларии, судови, некој дури ангажираат и адвокати.Повеќе…
Објаснување на измените на Законот за парничната постапка
Собранието на Република Македонија ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за парничната постапка.
„Целите што треба да се постигнат со измените и дополнувања на Законот за парничната постапка, се: создавање на законски претпоставки за посоодветно остварување и заштита на правата на странките во постапката, преку зголемување на повеќе...
Заклучоци за доставување на писмена
Одделот за граѓански дела при Врховниот суд на Република Македонија, расправајќи по правните прашања од интерес за единствена примена на правото и воедначување на судската практика во врска со примена на Законот за парнична постапка, ги донесе следните: повеќе...
За првпат жена на чело на Меѓународната унија на судски извршители
За првпат во историјата на Меѓународната унија на судски извршители, жена ја презема претседателската функција. Françoise Andrieux, судски извршител од Франција и генерален секретар на Унијата во рамки на Меѓународниот конгрес на судските извршители што се одржа во Мадрид, Шпанија, беше едногласно избрана за 10-ти претседател на организацијата. повеќе...
Извршителите за 3 месеци наплатиле 23,6 милиони евра
Извршителите за три месеци од годинава наплатиел 23,6 милиони евра, најчесто од сметките на граѓаните. Од почетоков на годинава расте бројот на предмети кој стигнале на извршување, како и процентот на наплата. Повеќе…
Соопштение
По повод написите во дел од порталите и социјалните мрежи Комората на извшители ја известува јавноста дека ги разбира реакциите на граѓаните но го осудува говорот на омраза на поединци и апелира на смиреност и разумност при искажувањето на своите ставови. повеќе...
СОВЕТУВАЊЕ на тема: Применa на Зaкон за извршувaње и судски постапки кои произлегуваат од овој Закон
Согласно меморандумот за соработка помеѓу Комората на извршители на РМ и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев„ и Kаталогот за задолжителна континуирана обука за судии, јавни обвинители, претседатели на судови и јавни обвинители на јавните обвинителства на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев„ се организираше советување на повеќе...
Известување
Комората на извршители на РМ ги известува граѓаните кои биле странки кај извршител Јулита Ѓорѓиева од Скопје, во иднина да се јавуваат во канцеларијата на извршител Методија Костадинов именуван за подрачјето на Основен суд Скопје 1 Скопје и Основен суд Скопје 2 Скопје, на адреса: Булевар Илинден бр.42/1-3 Скопје, на e-mail: izvrsitelkostadinov@gmail.com , и на телефон 02/5112-033; факс 02/5112-383.
РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ: Ефикасното извршување е од огромно значење за развивање на добар и почитуван правен систем
извoр:Академик
Соодветното, ефективното и ефикасното извршување на судски одлуки е од огромно значење за државите во насока на создавање, зајакнување и развивање на добар и почитуван правен систем. Ова е еден од заклучоците на регионалната конференција која од 7 до 10 мај се одржа во Република Бугарија во организација на Комората на извршители. На конференцијата, на која имаше над стотина учесници од повеќе земји, меѓу кои извршители, високи претставници на правосудството, државни органи, универзитетски професори, беа разменети компаративни искуства за начинот на којсе применуваат законите за извршување во Македонија, во Бугарија и во Србија
Асоцијација за правно-економски истражувања и едукација-ЈУРИДИКА
Потпишан меморандум за соработка
На ден 24.04.2015 година Комората на извршители на Македонија и Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер потпишаа Меморандум за соработка. Целта на Меморандумот е јакнење на соработката поврзана со имплементација на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во сферата на извршувањето. повеќе...
Нов извршител за подрачјето на Основен суд Скопје 1 Скопје и Основен суд Скопје 2 Скопје
Министерот за правда Аднан Јашари го назначи Методија Костадинов од Скопје за извршител на подрачјето на Основниот суд Скопје 1 Скопје и Основниот суд Скопје 2 Скопје. повеќе...
Советување на тема ”Судска заштита против неправилности при извршувањето„ – 22.04.2015 година, Битола
На ден 22.04.2015 година во организација на Комора на ивршители на РМ во соработка со Академија за судии и јавни обвинители се одржа советување на тема ”Судска заштита против неправилности при извршувањето„ на која модератор беше поранешниот министер за правда Г-дин Михајло Маневски. повеќе...
Асоцијација за правно-економски истражувања и едукација-ЈУРИДИКА
Извршителите – инструмент за спроведување на правдата
извор. МИА
Во Македонија се уште не е сменета перцепцијата за извршителите. Иако како фела работат веќе осум години, за нив повеќето граѓани сметаат дека се „модерни рекетари заштитени со закон“ Повеќе…
Извршителите лани наплатиле околку 108 милиони евра
Зголемен број предмети, но пад на реализацијата за три осто, бележат извршителите во 2014 година. За разлика од 2013 година, кога беа наплатени околу 127 милиони евра, вкупниот износ на наплатени средства кои извршителите го наплатиле за доверителите лани изнесува 107.876.768 евра (6.634.421.234 денари).
СОВЕТУВАЊЕ нa тeма: „Дисциплинска постапка и дисциплинска oдговoрност на извршителитe“
На ден 20.03.2015 година Комората на извршители на РМ организираше во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев советување на тема „ Дисциплинска постапка и дисциплинска oдговoрност на извршителитe“. повеќе...
ТРКАЛЕЗНА МАСА: “Судска заштита против неправилности при извршувањето”
Судска заштита против неправилностите при извршувањето“ беше темата на тркалезната маса што се одржа на 13 март во Штип, во организација на Комората на извршители на Република Македонија (КИРМ) во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители. На настанот учествуваа извршители, судии и претседателите на судови. повеќе...
Работна посета
На ден 10. февруари 2015 година во просториите на Комората на извршители на РМ оствари работна посета кандидат за судија на Државната правосудна академија на Република Франција, врз основа на Меморандум за соработка со Академијата за судии и јавни обвинители. На работната посета извршителот Александар Пулејков од Скопје го запозна кандидатот Alexis Liberge со правниот систем на земјата во делот на извршувањето. повеќе...
Работилница на тема “Размена на искуства за спроведувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“
Извршителите Зоран Димов и Кети Арсова присуствуваа на работилницата во организација на TAIEX – Инструментот на Европската Комисија за техничка поддршка и размена на информаци, а во соработка со Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 5 и 6- ти февруари во Скопје на тема ”Размена на искуства за спроведувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“.Повеќе…
Родители полни со пари, не плаќаат алиментација
Родители кој не плаќаат алименатација завршуваат на суд, и на основа на судска постапка се обврзани да ја надоместат издршкатана другиот родител со кој живее детето. Во 2014 година двајца скопјани завршиле во затвор поради не плаќање на алиментација Повеќе…
Донација за поплавените региони во Република Македонија.
Комората на извршители на Република Македонија донираше парични сретства за помош на настраданото население од поплавените подрачја во Република Македонија, преку солидарниот фонд на Црвениот крст на РМ
.
Учество во СОВЕТУВАЊЕ нa тeмa „Надомест на штета од дејствија нa нотaр, адвокат и извршител“
Претставници од Комората на извршители на РМ учествуваа во советување на тема: „Надомест на штета од дејствија на нотар, адвокат и извршител“ кое се одржа на ден 26.02.2015 година во организација на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев повеќе...
Донација за штитениците на ЈУ Специјален завод – Демир Капија
Комора на извршители на Република Македонија по повод новогодишните и божикните празници донираше гарнитури за седење за штитениците на ЈУ Специјален завод - Демир Капија повеќе...
Последниве 9 месеци наплатени околу 73 милиони евра
извор.Академик
Последниве 8 години преку системот на извршување, кој Македонија го воведе во 2006 година, се наплатиле над половина милијарда евра. Што се однесува конкретно на бројките од годинава, пак, од Комората на извршители на РМ (КИРМ), посочуваат дека се подобрува финансиската дисциплина во државата, а извршувањето бележи пад, тренд што се очекува да се задржи и во иднина. Осврнувајќи се на проблемите, коишто се јавуваат во постапката на извршување и на кои постојано се жалат должниците, а истовремено им создаваат главоболки и на извршителите, од Комората уверуваат дека ќе се надминат со донесувањето на новиот Закон за извршување, кој веќе 4 години е заглавен во институционалните лавиринти. повеќе...
Информација за јавноста
Советување на 23.12.2014 година во организација на Здружението на правниците на РМ
Советување на 23.12.2014 година во организација на Здружението на правниците на РМ на тема-Претпоставки за ефективно оданочување на авторските договори, договорите за вршење на повремени работи и за оданочување на добивка“….посебен фокус на регулативата која ќе почне да се применува од 1.1.2015 година повеќе...
Над 100 кривични пријави поднесени против извршителите во период од 7 години
извор. Академик
Заклучно со 2013-та, против извршителите биле поднесени околу 106 кривични пријави. Најголем број од нив, околу 95 отсто, обвинителствата ги отфрлиле како неосновани. Причините за посегнување кон пријави најчесто треба да се бараат во природата на работата на извршителите, посебно во овој временски период кога има наплив на огромен број извршни предмети од судовите, истакнаа учесниците на Тркалезната маса посветена на кривично-правниот аспект во постапката на извршување што во организација на Комората на извршители на РМ и на Академијата за судии и јавни обвинители. повеќе...
Одржана регионална тркалезна маса во Гостивар
На ден 31.10.2014 година во салата на советот на општината Гостивар, се одржа регионална тркалезна маса на тема „ Опсег и правни последици од примена на Кривичниот законик за кривични дела сторени при спроведување на извршувањето од страна на извршителот односно сторени од страна на странките и учесниците во извршувањето „. Повеќе…
Првите решенија за отпис на долгови на граѓани од ранливи категории доделени во Велес
Mинистерoт за финансии, Зоран Ставрески и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, во Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи во Велес, ги доделија првите решенија за отпис на долгови на граѓани oд ранливи категории. Повеќе…
Еднодневно советување на тема „ЗАДОЛЖИТЕЛНОСТА НА ЗАДОЛЖНИЦАТА”
ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА ЕДНОДНЕВНО СОВЕТУВАЊЕ НА ТЕМА „ЗАДОЛЖИТЕЛНОСТА НА ЗАДОЛЖНИЦАТА ОД 1.1.2015 – ДИЛЕМИ И ПРЕПОРАКИ“ ЗАКАЖАНА ЗА 11.11.2014 година во хотел Холидеј Ин.
Известување
На 17.10.2014 претседателот на Комората на извршители на РМ, Зоран Петрески, присуствуваше на свечена академија организирана од Нотарската комора на на РМ (НКРМ) по повод одржувањето на нотарските денови.
На настанот се обрати министерот за правда Аднан Јашари кој порача дека нотаријатот е еден битните чинители кој придонесе за поефикасно функционирање на правниот систем во Македонија. повеќе...
Се продлабочува соработката меѓу македонската и албанската Комора на извршители
Делегација на Комората на извршители на РМ на покана на Комората на извршители
на Република Албанија на 10.10.2014 присуствуваше на одбележување на
четиригодишнината од основањето на албанската Комората на извршители.
повеќе...
Вонредна седница на Собранието на Комората на извршителите и Семинар на извршителите
Од 03 до 05 oктомври 2014 година, во Струга во хотел “Дрим“се одржа вонредна седница на Собранието на Комората на извршителите и Семинар на извршителите на Република Македонија. Во рамки на семинарот Министерот за правда г-дин d-r Adnan Jashari одржа поздравен говор во кој ја истакна поддршката на Министерството за правда на извршителите. Во рамкинасеминарот свое излагање имаше професор д-р Арсен Јаневски од правниот факултет ”Јустинијан први”,г-дин Димитар Ѓеорѓиевски Директор на Дирекцијата за заштита на личните податoци, г-ѓа Славица Богоева Директорот на Македонско кредитно биро како и претставници на Управата за јавни приходи.На семинарот беше присутна и делегација на Комората на извршители на Република Албанија. Повеќе фотографии
200.000 ЕВРА ЗА ПЕНЗИСКО ЗАГЛАВЕНИ КАЈ ИЗВРШИТЕЛИТЕ
(извор Вест)
ПОРАДИ БИРОКРАТСКИ ПРЕЧКИ НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРОВЕДАТ СУДСКИ ОДЛУКИ ЗА 155 РАБОТНИЦИ
200.000 ЕВРА ЗА ПЕНЗИСКО ЗАГЛАВЕНИ КАЈ ИЗВРШИТЕЛИТЕ
Извршителите не смеат парите да им ги дадат во кеш на оштетените оти мора да одат директно во државните фондови, а од Управата за јавни приходи објаснуваат дека не можат да примат уплата само за еден придонес, зашто од 2009 година во сила е бруто-платата, што подразбира уплата на сите придонеси заедно повеќе...
Учество на промоција
Извршителот Александар Пулејков на ден 26.09.2014 година учествуваше на промоција на третиот том од публикацијата “Меѓународни документи за независно и ефикасно судство” која беше во организација на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев. Презентација на публикацијата “Меѓународни документи за независно и ефикасно судство”
Одржана регионална тркалезна маса во Штип
На ден 26.09.2014 година во хотел ”Оаза” во Штип се одржа регионална тркалезна маса на тема „ Опсег и правни последици од примена на Кривичниот законик за кривични дела сторени при спроведување на извршувањето од страна на извршителот односно сторени од страна на странките и учесниците во извршувањето „. повеќе...
Известување
Се известуваат сите заинтересирани дека писмениот и усниот дел од испитот за
извршители од септемвриска испитна сесија ќе се одржи на 29 септември
(понеделник) 2014 година со почеток во 9:30 часот писмениот дел и 13:00 часот усниот
дел, во просториите на Апелациониот суд во Скопје (во салата за колегиум).
Потпишување на меморандум за соработка
Претседателот на Комората на извршители на Република Македонија Зоран Петрески и Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Анета Арнаудовска денеска потпишаа меморандум за соработка. повеќе...
Јавен Оглас за прием на волонтер на определено време
Врз основа на член 3 од Правилникот за систематизација на работните места во Стручната служба на Комората на извршители на Република Македонија и Одлуката на Управен одбор на Комората на извршители на Република Македонија на 107-та седница, се објавува
Јавен Оглас
За прием на волонтер на определено време (6 месеци) повеќе...
Зајакнување на финасиската дисциплина е клучна придобивка од воведувањето на извршителската професија во Србија — Александра Трешњев, претседател на Комората на извршители на РС
Извор-Академик
Од 1 септември годинава на должност во Србија стапија нотарите. Пред две години, пак, своите места во српскиот правосуден систем ги зазедоа приватните извршители. Воведувањето на овие нови професии има за цел изградба на современ и ефикасен правен систем. Зајакнувањето на финасиската дисциплина е основна придобивка од работењето на приватните извршители, вели Александра Трешњев, претседател на српската Комората на извршители. Таа во интервјуто за АКАДЕМИК говори за предизвиците со кои се соочува оваа млада професија во Србија. повеќе...
Работен состанок на директорот на Академијата „Павел Шатев“, г-ѓа Арнаудовска со претседателот на Комората на извршители, г. Зоран Петрески и извршител Христо Јованов член на управен одбор на КИРМ
На 3 Септември 2014 година, директорот на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во просториите на Академијата, со почеток во 10:00 часот одржа работен состанок со претседателот на Комората на извршители на Република Македонија, г. Зоран Петрески.
На работниот состанок беа разгледани можностите за воспоставување на поинтензивна и директна соработката помеѓу Академијата и Комората на извршители на Република Македонија која ќе се официјализира и со потпишување на Меморандум за соработка помеѓу двете институции. повеќе...
Стотици граѓани остаана и без плата и без пензија
Неусогласеноста на Законот за бруто плата, Законот за парнична постапка(ЗПП), Законот за извршување како и Законот за задолжително осигурување може да остават стотици граѓани во Македонија без пензии затоа што наместо како до 2009 година кога работодавците исплатуваа посебно плати, посебно придонеси, сега тие мора да вршат интегрирана уплата на сите трошоци за еден работник. Повеќе…
Соопштение
На ден 07.08.2014 година на 104-та седница Управниот одбор на Комората на извршители на Република Македонија донесе одлука да се приклучи кон Проектот на Владата на Република Македонија за еднократен отпис на долговите на граѓаните и да им препорача на сите извршители во најкраток можен рок да ја потпишат изјавата за интерес за склучување на договор за еднократно отпишување на долговите. повеќе...
Известување
На ден 17.07.2014 година, Претседателот на комората на извршители на РМ Зоран Петрески учествуваше на работилница на тема “Добро владеење и остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер”, која беше организирана од мисијата на ОБСЕ во Скопје и Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер. повеќе...
Благодарница
Комората на извршители на Република Македонија,изразува искрена благодарност наПроектот за јакнење на судството USAID Македонија за несебичната помош и подршка која проектот континуирано ја пружа на Комората, како и за особени заслуги за развој и промоција на извршителската дејност и Комората на извршители на Република Македонија во јавноста.
Благодарница за Комората на извршители на РМ
На вториот меѓународен семинар на Комората на изврштели на Република Македонија,кој се одржа во Ниш Репубика Србија од 19 до 22 Јуни 2014 година, од страна на Претседателката на Комората на извршители на Република Србија г-ѓа Александра Трешњев, беше врачена благодарница на Комората на извршители на РМ за донацијата која ја дадоа македонските извршители како помошна настраданото население од поплавените подрачја во Србија .
Известување
На ден 03.07.2014 година, во Академијата за судии и јавни обвинители се одржа советување на тема “Постапка по приговор против неправилности во постапката за извршување”.
Советувањето беше наменето за судии од граѓанските оддели од сите апелациони подрачја и претставници на Комората на извршители на Република Македонија. повеќе...
Покана за учество на советување кое го организира Здружението на правниците на РМ на тема: „Одговорностите и искуствата од досегашната примена на Законот за финансиска дисциплина во корелација со другите инструменти за дисциплинирање при плаќање на обврските“.
Пред почетокот на летото во стручното списание „Правник“ ќе биде објавен трудот на тема „Тенденцијата на финансиско дисциплинирање на субјектите во деловните односи“. Со овој труд го реактуелизираме прашањето за Законот за финансиска дисциплина кој само добива на актуелност како по неговото донесување, а уште повеќе по почетокот на неговата примена (1.5.2014 год). Пред само два месеци во мајското издание на списанието „Правник“, во пресрет на почетокот на примената на Законот, беше објавен трудот; „Дискутабилни одредби во Законот за финансиска дисциплина“. повеќе...
ИНТЕРВЈУ СО ЗОРАН ПЕТРЕСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМОРАТА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РМ
Претседателот на Комората на извршителите вели дека е свесен за лошиот глас кој ги бие извршителите, но тие само се последна алатка во системот. повеќе…
СЕМИНАР НА ИЗВРШИТЕЛИ: Eксперти од регионов дебатираа на теми од областа на извршувањето
Извршители од повеќе држави од регионот, високи претставници на македонското правосудство и универзитетски професори изминатиов викенд зедоа учество на семинарот кој во организација на Комората на извршители на Македонија (КИРМ) се одржа во Ниш, Република Србија. Извршување врз фидуцијарна сопственост, Примена на начелото на судење во разумен рок во извршувањето, Извршување врз основа на веродостојни исправа од страна на приватен извршител во Србија, Злоупотреба на правата на странките во извршувањето… – беа дел од темите на кои се говореше во рамки на настанот. повеќе...
Спојот на младоста и искуството гарантира дека извршителската професија ќе продолжи успешно да се развива — Зоран Петрески, новиот претседател на КИРМ
Новоизбраниот претседател на Комората на извршители на РМ (КИРМ), Зоран Петрески вчера и официјално седна на претседателското столче. повеќе...
Известување за Копаоничката школа на природното право за 2014

Извршителите и јавните обвинители од скопското апелационо подрачје седнаа на иста маса по иницијатива и во организација на Комората на извршители на РМ (КИРМ). Опсегот и правните последици од примената на Кривичниот законик за кривични дела сторени при спроведување на извршувањето од страна на извршителот односно од страна на странките и учесниците во извршувањето беше темата во фокус на оваа средба презентирана од поранешниот министер за правда Михајло Маневски. На средбата присуствуваа и судии, како и претставници на Министерството за правда и Министерството за внатрешни работи.
Комората на извршители на Република Македонија избра нови членови на органите на КИРМ.
Собранието на Kомората на извршители на Република Македонија на седница во Прилеп на 29.03.2014 избра нови членови на органите на Комората на извршители со мандат започнувајки од 10.06.2014 година.
За претседател на Комората е избран Зоран Петрески, извршител од Скопје.
За членови на Управниот одбор се избрани Гордан Станковиќ од Скопје, Премтим Ќерими од Куманово, Христо Јованов од Скопје, Емилија Павловска од Штип, Славица Ацовска од Тетово и Милица Николовска од Битола.
Годишно собрание на КИРМ: Годинава за првпат на средби со обвинителите
Вторник, 4 февруари 2014 – Регионални средби со обвинителите и за првпат страници во печатените медиуми преку кои ќе се информираат извршителите за сите тековни состојби, ова се новините кои во Годишнот извештај ги усвоија извршителите на Годишното собрание на Комората на извршители на РМ, што викендов се одржа во Струмица. Печатените изданија на издавачката куќа „АКАДЕМИК“, како и најдобрата збирка на важечки прописи со дневно ажурирање „АКАДЕМИКА“, ја дополнија информираноста во извршителската фела.
Потпишан меморандум за соработка помеѓу Коморите на Извршители на Србија и Македонија
Bo пpонеделник 09.12.2013 во просториите на Kомората на извршители на Србија, претседателот г-дин Михаило Драговиќ се сретна со претседателот на Комората на Извршители на Македонија г-динот Гордан Станковиќ и неговите соработници.
Во таа прилика е потпишан Меморандум за соработка помеѓу Комората на Србија и Македонија, која преку меѓународна размена на искуства, има за цел унапредување на извршувањето во овие две земји.
Министерот за правда Blerim Bexheti го назначи Јасер Асани за извршител во Гостивар и Кичево
Министерот за правда Blerim Bexheti назначувајќи го и честитајќи му на Јасер Асани од Гостивар за извршител на подрачјето на Основниот суд во Гостивар и Основниот суд во Кичево истакна дека вкупниот број на именувани извршители на ова подрачје изнесува 5 извршители.
КИРМ за објавувањето на ЕМБГ во дневните весници: Проблемот е во колизијата на одредби, навремено интервениравме со предлог за нивно уредување
Четврток, 14 ноември 2014 - Немаме информации дали постојат извршители кои заработиле казни за објавување единствените матични броеви на граѓани во дневните весници, велат од Комората на извршители на РМ (КИРМ) за Академик, откако вчера беше објавено дека Дирекцијата за заштита на личните податоци поднела прекршочни пријави против четворица извршители. Комората истакнува дека суштината на создадениот проблем е во толкувањето, колизијата и примената на законските одредби и од тие причини претходно алармирале дека постоечките решенија создаваат проблеми во пракса. За ова прашање тие го искажаа својот став преку соопштение.
Интегрално Ви го пренесуваме соопштението на Комората на извршители на РМ: повеќе...

Комората на извршители на Република Македонија потпиша Меморандум за соработка со Комората на приватни извршители на Република Aлбанија
Во рамки на одржувањето на Семинарот на извршители кој се одржува во Драч , Република Албанија денеска Комората на извршители на Република Македонија и Комората на извршители на Република Албанија потпишаа Меморандум за соработка. Со овој меморандум се продлабочува и соработката меѓу двете земји во областа на извршувањето. На потпишувањето на Меморандумот беа присутни министрите за правда на Република Македонија BlerimBexheti и на Република Албанија Eduard Halimi. повеќе...