Skip to main content Skip to footer
Информации за заменици

 

ИНФОРМАЦИИ ЗА  ЗАМЕНИЦИ НА ИЗВРШИТЕЛИ

 

Заменик на извршител, по именувањето поднесува до Комората :

  1. Барање за упис во Именик на заменици при Комората (објавено на сајтот на Комората- БАРАЊЕ ЗА УПИС ВО ИМЕНИКОТ НА ЗАМЕНИЦИ ПРИ КОМОРАТА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РМ) ;

Потребни податоци за упис во Именик на заменици на  КИРМ  :

  • Решение за именување на заменик на извршител од Министерство за правда на РМ -копија;
  • М1/М2 образец-копија;
  • Кратка биографија.

По уписот во Именикот на заменици, заменикот поднесува до Комората:

  1. Барање за депонирање на отисоци од печат, штембил, пломба и потпис во Книга за печат и потпис на заменик на извршител при Комората на извршители на РМ (објавено на сајтот на Комората –БАРАЊЕ ЗА ДЕПОНИРАЊЕ НА ПЕЧАТ);

Потребно за во Книгата за печат и потпис на заменик на извршител при Комората на извршители на РМ:

- Печат, штембил, пломба и потпис на заменик на извршител

Отисоците од печатот, штембилот и пломбата ги одобрува и заверува претседателот на Комората на извршители на Република Македонија а истите се депонираат во судот на чие подрачје е именуван извршителот, чиј заменик е, и Комората. Печатот, штембилот и пломбата по престанок на должноста заменик извршител, се депонираат во Комората, согласно член 49 ст. 4 од ЗИ.

Во случај на губење на печатот или штембилот заменик извршителот е должен веднаш по електронски и писмен пат да го извести судот и Комората согласно чл. 36 ст. 8 в.в.чл.50 ст.1 од Законот за извршување.

Заменик извршителот веднаш по именувањето е должен да обезбеди дигитален сертификат издаден од овластен издавач на сертификати (електронски потпис), и да ја извести Комората за серискиот број на електронскиот сертификат- токен.

Формата и содржината на печатот, штембилот и пломбата, како и начинот на нивното користење, е определена со Правилник за формата и содржината на таблата за означување на службените простории на извршителот, печат, штембил, пломба, потпис, дигитален сертификат на извршителот и заменикот и начинот на нивното користење (објавено на сајтот на Комората –Правилник за табла печат штембил пломба и електонски сертификат - пречистен текст. )

Легитимацијата на заменикот ја издава Министерство за правда до каде што се поднесува барање за издавање на легитимација согласно чл.37 од ЗИ и Правилникот за формата и содржината на легитимацијата на извршителот и на заменикот на извршител, начин на нејзиното издавање, одземање и поништување.

 

Корисна информација:

- Согласно член 50 став 6 од ЗИ: Извршителот е должен, истовремено со именувањето на неговиот заменик-извршител, да му издаде овластување на заменикот да располага со редовната и посебна сметка.

Заменик извршителот доставува до Комората информација за бројот на посебната сметка на извршителот и депонент Банка, за која му е издадено овластување да располага.

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност