Семинар на извршители
Во согласност со законската обврска за континуирано стручно усовршување и едукација на извршителите, на 26 јуни 2021 година, во хотелот „ Метропол “, Охрид се одржа еднодневен семинар во организација на Комората на извршители на Република Северна Македонија.
Семинарот го отвори претседателот на Комората на извршители на РСМ, Ванчо Марковски, со упатување поздрав до присутните на семинарот. повеќе...
15 години Комора на извршители на Република Северна Македонија
На ден 04.06.2021 година се одбележа свечен јубилеј по повод 15-годишнината од основањето на Комората на извршители на РСМ. На свечениот настан беше истакнато дека Законот за извршување од 2005 година ги постави темелите и го воведе концептот на приватно извршување кој е брз и ефикасен концепт соодветен на условите и околностите во РСМ. повеќе...
Известување за променети посебни сметки на извршители кои имале отворено сметки во Охридска банка АД Скопје
Комората на извршители на Република Северна Македонија Ве информира дека заради присоединувањето на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе банка Македонија АД Скопје, посебните сметки на извршителите отворени во Охридска банка АД Скопје почнувајќи од 19.07.2021 година нема да бидат повеќе во функција.
Новите посебни сметки на извршителите кои имале сметки во Охридска банка АД Скопје, можете да ги преземете од следниот Список на променети посебни сметки
Редовно годишно Собрание
На ден 26.02.2021 година во Скопје се одржа Редовно годишно Собрание на Комората на извршители на Република Северна Македонија, на кое Собрание беше усвооен Годишниот извештај за работата на Комората во период од 01.01.2020-31.12.2020 година повеќе...
Обука за обучувачи (ТоТ)
Во рамки на проектот „Прекугранично извршување на пресуди“, финансиран од страна на Федералното Германско Министерство за економска соработка и развој и Германското Друштво за Интернационална Соработка, Отворениот Регионален Фонд за правна реформа во Југоистична Европа во соработка со Меѓународна унија за извршители ја организираа првата сесија од регионалната онлајн програма насловена како Обука на обучувачи ( Train-the-Trainer повеќе...
Известување
Се известуваат граѓаните кои биле странки во предметите кои се водеа во канцеларијата на извршител Станка Кулакова од Штип, дека предметите ги презема извршител Силвана Митевска од Штип, определен со Решение бр.09-2957/2 од 23.12.2020 година на Министер за правда на РСМ за подрачје на Основен суд Штип и Основен суд Св. Николе, со седиште на ул. Кирил и Методи 11/1кат/3 Штип.
Известување
Се известуваат граѓаните кои биле странки во предметите кои се водеа во канцеларијата на извршител Зоран Стоиловски од Делчево, дека предметите ги презема извршител Маријана Кацарска Могилевска од Кочани, определен со Решение бр.09-2958/2 од 23.12.2020 година на Министер за правда на РСМ за подрачје на Основен суд Кочани, Основен суд Берово, Основен суд Виница и Основен суд Делчево, со седиште на ул. Маршал Тито бр. 97/7-1 Кочани.
Повик за обучувачи во рамки на проект со Германското друштво за интернационална соработка ( ГИЗ)

Работен состанок со Заменик на Претседателот на Владата на РСМ за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси и Министерот за правда на РСМ
На ден 29.10.2020 година, во просториите на Министерството за правда на РСМ, Претседателот на КИРСМ Ванчо Марковски, извршител Николче Диневски член на Управен одбор на КИРМ и извршител Јорданчо Давитковски одржаа работен состанок со Заменик на Претседателот на Владата на РСМ за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси г-дин Љупчо Николовски и Министерот за правда г-дин Бојан Маричиќ. повеќе...
Вонредна седница на Собрание на Комора на извршители на РСМ
Собранието на Kомората на извршители на Република Северна Македонија на седница во Скопје на 01.10.2020 година избра нов Претседател на Комората со мандат од три години започнувајќи од 11.10.2020 година. За нов Претседател на Комората на извршители на РСМ е избран Ванчо Марковски, извршител од Тетово.
Вонредна седница на Собранието на Комората на извршители на РСМ.
Собранието на Kомората на извршители на Република Северна Македонија на седница во Скопје на 10.08.2020 година избра нови членови на органите на Комората на извршители со мандат започнувајки од 10.08.2020 година.
За член на Управниот одбор од подрачјето на Апелациониот суд Битола се избра извршител Николче Диневски од Битола а за Заменик член на Дисциплинска комисија на КИРСМ од редот на извршителите се избра извршител Благој Бањански од Неготино.
За Претседател на Комората на извршители на РСМ не беше избран ниту еден од кандидатите
Известување до јавноста
По повод написите во дел од медиумите и социјалните мрежи, Комората на извршители на РСМ ја известува јавноста за следното:
Согласно Уредба со законска сила за примена на Законот за извршување за време на вонредна состојба ( Службен весник бр. 86 од 01.04.2020 година) е предвидено дека Законот за извршување ( Службен весник бр. 72/16,142/16,233/18 и 14/20) нема да се применува од денот на влегување во сила на уредбата со законска сила до 30 јуни 2020 година, a согласно Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување за време на вонредна состојба ( Службен весник бр. 156 од 12.06.2020 година) се менуваат зборовите од првата Уредба ,, до 30 јуни” со зборовите,, заклучно со истекот на 30 дена по престанувањето на вонредната состојба”.
Согласно последната Уредба со законска сила за измена и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување, важењето на Уредбата е уште 30 дена по престанувањето на вонредната состојба а која заврши на 23.06.2020 година, што значи дека од 24.07.2020 година продолжува целосната примена на Законот за извршување.