Одбележани 20 години од основањето на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“
Претседателот на КИРСМ, Весна Деловска, присуствуваше на свечениот настан по повод одбележувањето на 20-годишнината од основањето на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, кој се одржа во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, во присуство на претставници на правосудните институции, Владата, дипломатскиот кор и меѓународните организации.