КИРСМ на Постојаниот совет и Меѓународната конференција на Меѓународната унија на судски извршители во Тбилиси
Делегација на Комората, во периодот од 7 до 9 мај, како членка на Меѓународната унија на судски извршители (UIHJ), присуствува на Постојаниот совет и на Меѓународната конференција што се одржуваат во Тбилиси, Грузија.
Настанот опфаќа учество на Меѓународната конференција на тема „Улогата на судскиот извршител во современата правда“, како и на седницата на Постојаниот совет на UIHJ, при што се разгледуваат актуелни прашања од значење за работата на судските извршители на меѓународно ниво.