Информација за јавноста
По повод се почестите написи во дел од медиумите Комората на извршители на РМ чуствува потреба да го појасни следново :
Извршителот согласно чл. 27 од Законот за извршување е должен да постапува по барањето за извршување врз основа на пресуда, нотарски акт или друг извршен наслов.
Извршителот не смее да го одбие спроведувањето на извршувањето согласно член 3 од Законот за извршување.
Извршителот не може и не е надлежен да се впушта во оценка на законитоста и постапката во која била донесена извршната исправа бидејќи во тој случај би се ставил над судот, што би било спротивно на законот .
Секоја странка во извршувањето има право веднаш по приемот на налогот од извршител да поднесе приоговор до претседателот на судот кој е должен во рок од 72 часа да донесе одлука а со што е овозможено да биде исправена било каква грешка во конкретниот предмет.