Skip to main content Skip to footer

Измени и дополнувања на Законот за додадена вредност

На  ден 31.7.2015 во Службен весник на РМ бр. 129/2015 година се објавени измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност со кои, меѓу останатото,  се допрецизира и доуреди даночниот третман на прометот во постапките за извршување согласно Законот за извршување на начин што се уреди случајот кога имотот кој е предмет на продажба во постапката на присилно извршување е сопственост на лице кое гарантира за даночниот долг.  Измените исто така го регулираат времето кога настанува даночниот долг во постапката за присилно извршување пред извршител, како и ситуацијата кога доверителот се стекнува со имотот на должникот со продажбата спроведена пред извршител. Согласно завршните одредби на Законот за изменување и дополнување на Законот за додадена вредност, започнатите постапки за присилно извршување до денот на влегување на законот во сила на 08.08.2015,  ќе се завршат согласно одредбите од овој закон.

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност