Известување
На 17.10.2014 претседателот на Комората на извршители на РМ, Зоран Петрески, присуствуваше на свечена академија организирана од Нотарската комора на на РМ (НКРМ) по повод одржувањето на нотарските денови.
На настанот се обрати министерот за правда Аднан Јашари кој порача дека нотаријатот е еден битните чинители кој придонесе за поефикасно функционирање на правниот систем во Македонија.
Свои излагања имаа и претседателката на Нотарска комора на РМ – Зорица Пулејкова, претседателот на Меѓународната унија на латински нотаријат – Даниел С. Сенгор, како и проф. д-р. Арсен Јаневски.
„Ние денеска ги поканивме колегите од Комората на извршители, Адвокатската комора, Комората на медијатори на РМ, Комората на стечајни управници. Секогаш на нашите советувања се поканети и судии од основните, апелационите и Врховниот суд, како и од јавните регистри со кои соработуваме. Нашата желба за соработка со другите правни професии е навистина искрена и треба да соработувме бидејќи крајниот ефект е поголема правна сигурност за граѓаните“, изјави претседателката НКРМ, Пулејкова.