Известување
На ден 17.07.2014 година, Претседателот на комората на извршители на РМ Зоран Петрески учествуваше на работилница на тема “Добро владеење и остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер”, која беше организирана од мисијата на ОБСЕ во Скопје и Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Целта на оваа средба беше подигнување на свеста и степенот на запознаеност на имателите на информации со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и обврските за имателите за информации кои произегуваат од него, како и начинот на остварување направото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Учесници во работилницата беа одговорни и службени лица, како и раководители на сектори за правни и општи работи од Акционерски друштва во државна сопственост и од повеќе Комори кои вршат јавни овластувања.