Известување
Се известуваат граѓаните кои биле странки во предметите кои се водеа во канцеларијата на извршител Петре Темелков од Радовиш, дека предметите ги превзема извршител Кристина Милушева Костадинова од Струмица именуван со Решение бр.09-1182/1 од 27.05.2026 година на Министерството за правда, за извршител за подрачје на Основен суд Струмица и Основен суд Радовиш.
Комората на извршители на РСМ известува дека извршителот Кристина Милушева Костадинова од Струмица започнува со работа на ден 04.08.2026 година со адреса на канцеларија: ул.Ленинова бр.14, кат 1 во Струмица.