Skip to main content Skip to footer

Јавен Оглас за прием на волонтер на определено време

Врз основа на член  3 од Правилникот за систематизација на работните места во Стручната служба на Комората на извршители на Република Македонија и Одлуката на Управен одбор на Комората на извршители на Република Македонија на 107-та седница, се објавува

 

Јавен Оглас

За прием на волонтер на определено време (6 месеци)

 

1.Број на места за кои се објавува јавниот оглас:

Јавниот оглас се објавува за прием на 1 (еден) волонтер во Комората на извршители на РМ

2. Услови кој треба да ги исполнуваат заинтересираните кандидат

  • Правни студии-VII1 или 300 кредити според ЕКТС
  • Познавање на англиски јазик
  • Активно работење на компјутер Microsoft Office

3.Начин на пријавување на заинтересираните кандидати

Заинтересираните кандидати поднесуваат пријава со назнака по оглас за прием на волонтери.

Кон пријавата треба да се приложат:

  • Кратка биографија со лични податоци
  • Уверение за завршен правен факултет

4.Рок и начин на пријавување на заинтересираните кандидати :

Рокот за пријавување на јавниот оглас изнесува 8 (осум) дена од денот на објавување на огласот на web страната на Комората на извршители на РМ (несметајќи го денот на самото објавување)

Пријавите со потребните документи, заинтересираните кандидати може да ги достават на следниот е маил :  izvrsitelinarm@yahoo.com.

Ненавремени и нецелосни пријави нема да бидат  разгледани.

 

5.Начин и рок на спроведување на постапката за селекција

Постапката на селекција на пријавените кандидати ја спроведува Kомисија формирана  при Комората на извршители на РМ.

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност