Skip to main content Skip to footer

Меморандум за соработка со Управата за водење на матични книги

 Претседателот на Kомората на извршители на Република Македонија, Зоран Димов и директорот на Управата за водење на матичните книги Ѓоко Котевски на 18 октомври 2017 година потпишаа меморандум за соработка.

Меморандумот се однесува на електронска размена на податоци за постапките кои се водат пред извршител. Преку пристап до веб порталот на Управата ќе биде овозможено добивање на изводи, по електронски пат, во рок не подолг од 48 часа, извршителот електронски ќе може да го прибави документ кој му е потребен во постапка со што се овозможува по ефикасно и по брзо остварување на правата на граѓаните.

Меморандумот беше потпишан и од страна на, претседателот на Нотарската комора на Република Македонија Васил Кузманоски, претседателот на Адвокатската комора Никола Додевски, а свое обраќање имаше и Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност