Одржана регионална тркалезна маса во Штип
На ден 26.09.2014 година во хотел ”Оаза” во Штип се одржа регионална тркалезна маса на тема „ Опсег и правни последици од примена на Кривичниот законик за кривични дела сторени при спроведување на извршувањето од страна на извршителот односно сторени од страна на странките и учесниците во извршувањето „.
Модератор беше поранешниот Министер за правда Г-дин Михајло Маневски, а на средбата покрај извршителите од регионот учество земаа и претставници од судовите, јавните обвинителства и вишите јавни обвинителства од регионот.