Покана за учество на советување кое го организира Здружението на правниците на РМ на тема: „Одговорностите и искуствата од досегашната примена на Законот за финансиска дисциплина во корелација со...
Пред почетокот на летото во стручното списание „Правник“ ќе биде објавен трудот на тема „Тенденцијата на финансиско дисциплинирање на субјектите во деловните односи“. Со овој труд го реактуелизираме прашањето за Законот за финансиска дисциплина кој само добива на актуелност како по неговото донесување, а уште повеќе по почетокот на неговата примена (1.5.2014 год). Пред само два месеци во мајското издание на списанието „Правник“, во пресрет на почетокот на примената на Законот, беше објавен трудот; „Дискутабилни одредби во Законот за финансиска дисциплина“.
Овие трудови ќе бидат достапни на цд-то со материјали кое ќе им биде поделено на сите учесници на претстојното советување за Законот за финансиска дисциплина.
Со задоволство Ве покануваме да земете учество на советувањето кое го организира Здружението на правниците на РМ на тема: „Одговорностите и искуствата од досегашната примена на Законот за финансиска дисциплина во корелација со другите инструменти за дисциплинирање при плаќање на обврските“.
На советувањето тежиштето ќе биде ставено на имплементацијата на Законот за финансиска дисциплина, но и на задожницата, платните налози, црната листа на УЈП и Царинската управа кои претставуваат инструменти за дисциплирање при плаќањето на обврските. Би сакале во еден поширок контекст да биде елаборирана оваа материја и за таа цел го доведовме Законот за финансиска дисциплина во корелација со др.инструменти за дисциплинирање при плаќањето на обврските.
Советувањето ќе се одржи на 17.9.2014 год, а учество ќе земат: г-дин Горан Трајковски- директор на управата за јавни приходи, проф.д-р Кирил Чавдар, г-дин Јане Севдински- претставник на министерството за финансии, м-р Александар Јосимовски- соработник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и м-р Орде Ѓорѓиоски-директор на правната служба на Витаминка.