Skip to main content Skip to footer

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Судскиот совет на РСМ и Комората на извршители на РСМ

Претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева денес потпиша Меморандум за соработка со претседателката на Комората на извршители на Република Северна Македонија, Весна Деловска. Официјализирање на соработката со потпишување на овој Меморандум е од особено значење и во истиот се дефинира начинот на соработката која ќе се остварува преку едукација, обука, придонес во објавување на стручни и научни трудови, давање на експертска помош при изработка на одредени проекти, анализи, предлози, како и други форми на размена на знaење и искуство во насока на истражување и развој од заеднички интерес.    ПревземеноИзвор

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност