Skip to main content Skip to footer

Работен состанок на директорот на Академијата „Павел Шатев“, г-ѓа Арнаудовска со претседателот на Комората на извршители, г. Зоран Петрески и извршител Христо Јованов член на управен одбор на КИРМ

На  3  Септември 2014 година, директорот на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во просториите на Академијата, со почеток во 10:00 часот одржа работен состанок со претседателот на Комората на извршители на Република Македонија, г. Зоран Петрески.

На работниот состанок беа разгледани можностите за воспоставување на поинтензивна и директна соработката помеѓу Академијата и Комората на извршители на Република Македонија која ќе се официјализира и со потпишување на Меморандум за соработка помеѓу двете институции.

Во рамките на Меморандумот, ќе бидат опфатени заеднички активности на Академијата и Комората од кои дел ќе се реализираат преку организација на заеднички обуки и семинари кои ќе бидат посветени на теми поврзани со надлежностите на судиите, јавните обвинители и извршителите, со посебен акцент на Законот за извршување и дилемите со кои се соочуваат извршителите во својата секојдневна работа. Соработката помеѓу двете институции ќе опфати размена на едукатори, аплицирање на заеднички проекти кои ќе бидат од интерес како за судиите и јавните обвинители, така и за извршителите во Република Македонија,  како и развивање на е learning модули за обука на судиите, јавните обвинители и извршителите од области кои се во рамки на нивното професионално делување. 

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност