Skip to main content Skip to footer

Работна средба со Г-дин Jos Uitdehaag

На ден 01.07.2018 година Претседателот на КИРМ Зоран Димов, Потпретседателот на КИРМ Антончо Коштанов и Роза Родиќ, член на УО на КИРМ  остварија работна средба во Приштина- Р. Косово со г-дин Jos Uitdehaag.

Г-дин  Jos Uitdehaag беше информиран за моменталната состојба во Р. Македонија, во однос на состојбата во извршувањето, новините и измените на Законот за извршување, како и во врска со ново настаната состојба за измена на постојната Тарифа, односно беше целосно информиран за ставовите на КИРМ во однос на Министерството за правда на РМ. Од него беше побарано да ја подржи Комората на извршители на РМ во обидите за издигнување на статусот извршител, и да ни даде подршка во настојувањата идните претстојни измени на законот и на Тарифата да бидат во согласност со европските стандарди. Исто така на средбата беше разговарано за можноста да се направи како внатрешна средба помеѓу извршителите и претставници од Министерството за правда, така и една поширока регионална средба. Г-дин Jos Uitdehaag беше запознаен и со досегашните регионални соработки и средби, а се заради можноста да се земе заедничко учество на претстојните средби и за подобрување на улогата на извршителите во нивните матични земји

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност