Skip to main content Skip to footer

Регионална конференција нотарите и извршителите

Делегација на Комората на извршители учествуваше на Регионалната конференција „Модели за едукација на нотари и извршители во Југоисточна Европа“, што на 9 октомври 2015 година во организација на Мрежата на правни факултети од Југоисточна Европа (SEELS) се одржа во Белград.

Конференцијата има за цел да се обезбеди платформа за размена на информации и отворена дискусија за модели за едукација во рамките на високообразовните институции од ЈИЕ и на програмите за континуирана едукација на релевантните институции за да се обезбеди за развој на овие правни професии. Конференцијата, исто така, има за цел подобрување на регионалнта соработка на нотарите и  извршителите во регионот.

 

Конференцијата  беше поддржана од страна на Проектот финансиран од ЕУ за владеење на правото и извршувањето, како и Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), Програма за реформа на  правосудството во Србија.

 

 

 

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност