Skip to main content Skip to footer

Семинар на извршители

Во согласност со законската обврска за континуирано стручно усовршување и едукација на извршителите, на 17и 18 мај 2019 година, во хотелот „Дрим “, Струга се одржа семинар на извршителите во форма на тркалезни маси, во организација на Комората на извршители на Република Македонија.

Покрај  извршителите и дел од вработените во извршителските канцеларии, на овој семинар присуствуваа и г-ѓа Тања Чачарова Илиевска претставник на Влада на РСМ, г-дин Панчо Минов пратеник во Собрание на РСМ, г-ѓа Љубица Караманди Попчески –државен советник во Министерството за правда на РСМ, г-ѓа Ана Стојова Помошошник раководител на Сектор правосудство во Министерството за правда на РСМ,  Претседател на Комора на извршители на Република Србија г-ѓа Александра Трешњев,  член на Управен одбор на Комората на извршители на Р.Србија г-ѓа Тамара Гучиња, Дамир Шите, Генерален секретар на Балканска иницијатива за извршување, г-н Горазд Поповски – Претставник на Македонска банкарска асоцијација, Претседателот на Комора за проценувачи на РСМ – Љупчо Шумантев, како и извршителите во пензија : Зорица Митровска, Звонимир Мисајловски и Владо Стевановски.

Семинарот ги отвори претседателот на Комората на извршители на РМ, Зоран Димов, со упатување поздрав до панелистите и учесниците во Тркалезните маси и гостите на семинарот.

thumbnail (1) thumbnail (2) thumbnail (3)
thumbnail (5) thumbnail (6) thumbnail (7) thumbnail (8) thumbnail (9) thumbnail

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност