Skip to main content Skip to footer

Соопштение

По повод написите во дел од порталите и социјалните мрежи Комората на извшители ја известува јавноста дека ги разбира реакциите на граѓаните но го осудува  говорот на омраза  на поединци и апелира на смиреност и разумност при искажувањето на своите ставови.

 

Во таа смисла, комората ги повикува граѓаните да се приклучат со свои предлози кон измените на Законот за извршување и активно да придонесат за подобар закон за сите граѓани и сигурен правен поредок. Законот е објавен на веб страната Енер на која слободно можат да се ставаат сите забелешки и предлози.

 

На сите граѓани кои имаат конкретен проблем кај конкретен извршител им укажуваме да поднесат приговор до претседателот на судот или да се обратат до Комората на извшители во случај на повреди за кои сметаат дека треба да бидат санкционирани. Затоа, стоиме на располагање ако е потребно да бидат организирани и средби со граѓаните со претставници на КИРМ со цел појаснување на процесот на извршување и приближување на извршувањето и правата на странките во извршувањето.

 

Уште еднаш апелираме да не дозволиме поради изолирани случаи на незадоволство, да ставиме дамка на системот на извршување како единствена успешно зафршена реформа во правосудниот систем оценета со позитивни оценки и без забелешки од страна на Комисијата на Европската унија која го следи напредокот на Република Македонија.

 

 

 

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност