Соопштение
На ден 07.08.2014 година на 104-та седница Управниот одбор на Комората на извршители на Република Македонија донесе одлука да се приклучи кон Проектот на Владата на Република Македонија за еднократен отпис на долговите на граѓаните и да им препорача на сите извршители во најкраток можен рок да ја потпишат изјавата за интерес за склучување на договор за еднократно отпишување на долговите.
Разгледувајќи го предлогот и повикот на Министерство за финансии на РМ Управниот одбор на Комората на извршители констатираше дека извршителите како општествено одговорни вршители на јавни овластувања ќе се приклучат кон Проектот за еднократен отпис на долговите на граѓаните со цел да придонесат за подобрување на статусот на најранливите категории на граѓани во државата.