Skip to main content Skip to footer

“ Судска заштита во извршувањето. Анализа и коментар на судска практика “

Комората има чест да Ве извести дека излезе од печат книгата “ Судска заштита  во извршувањето. Анализа и коментар на судска практика “ од автор г-дин Михајло Маневски а чиј издавач е  Комората на извршители на РМ.

Авторот на овој труд преку анализа и коментар на судската заштита и досегашните искуства, прави обид судската практика и досегашните искуства да се доближат до тие на кои им се најпотребни и за кои е наменет овој труд, а тоа се извршителите, судиите, нотарите и адвокатите, проценители, вештаци и стечајни управници, на службените лица во полицијата, на стопанските субјекти и финансиските институции и на специјализираните органи и тела кои имаат надлежност во постапката за извршување, на научната и стручната јавност, за продлабочување на знаењата и за едукација на кадрите за подобра соработка и за поуспешно и поефикасно работење во извршувањето на извршните исправи.

Трудот на 750 страници има систематизирана судска пракса на 130 одлуки на основните и второстепените судови и содржи  25 препораки и констатации.

Цената на книгата е 2500 денари и доколку имате интерес истата можете да ја нарачате преку Комората на извршители на РМ.

 

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност