Skip to main content Skip to footer

Тркалезна маса и обука за претставници на медиумите

Комората на извршители на Република Северна Македонија преку Комисијата за односи со јавност на Комората, во период од 16 до 18 септември во Битола организираше Тркалезна маса и обука за претставници на медиумите. Претседателот на Комората г-дин Ванчо Марковски имаше воведно излагање каде ги презентираше предизвиците со кои се соочуваат извршителите и Комората во Република Северна Македонија. Извршителот Јорданчо Давитковски од Крива Паланка имаше излагање на темата “ Реформи во извршувањето во европските држави, регионот и Република Северна Македонија”, додека извршителката Каролина Таневска од Прилеп детално ги елаборираше правните лекови во извршувањето. Комората на извршители на Република Македонија останува отворена за соработка со медиумите и во иднина.

  

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност