Skip to main content Skip to footer

Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примената на законот за извршување за време на вонредната состојба

 

 

Член 1
Во Уредбата со законска сила за примената на Законот за извршување за време на
вонредната состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 86/20 и
103/20), во член 1 и член 2 ставови 1 и 4, зборовите „до 30 јуни 2020 година“ се
заменуваат со зборовите „заклучно со истекот на 30 дена по престанувањето на
вонредната состојба“.

Член 2
Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен
весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-5468/1
12 јуни 2020 година
Скопје

Претседател на Владата
на Република Северна Македонија,
Скопје Оливер Спасовски, с.р.

12 јуни 2020 година

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност