Skip to main content Skip to footer

Зајакнување на соработката меѓу Министерството за правда и Комората на извршители

Претседателката на Комората на извршители, Весна Деловска, денеска оствари работна средба со Mинистерот за правда, Јетон Шасивари. На средбата беа разгледани актуелните прашања поврзани со извршителската дејност, при што Комората ги презентираше своите предлози и забелешки во однос на измените и дополнувањата на Законот за извршување и ја изрази својата подготвеност активно да придонесе во понатамошниот процес на подготовка на законските решенија. Министерството за правда останува посветено на инклузивен процес на законски реформи a во интерес на граѓаните, правната сигурност и владеењето на правото.

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност