Skip to main content Skip to footer

Заклучоци за доставување на писмена

Одделот за граѓански дела при Врховниот суд на Република Македонија, расправајќи по правните прашања од интерес за единствена примена на правото и воедначување на судската практика во врска со примена на Законот за парнична постапка, ги донесе следните:

З А К Л У Ч О Ц И

I

Доставата на писмена до тужителот кој бил лишен од слобода, односно бил во притвор, треба да се врши исклучиво преку Управата на затворот во кој се наоѓа тужителот.

II

Постоење на повратница во списите за извршена достава на писмено на правно лице, како препорачана поштанска пратка за која приемот е потврден со потпис, а без печат на приемачот, ако таков поседува, претставува доказ дека постои уредна достава на писменото, се додека приемачот на писменото не го докаже спротивното, по барање за враќање во поранешна состојба или некоја друга постапка.

III

Не се смета дека правно лице е уредно покането на рочиште за главна расправа, ако судскиот доставувач на повратницата само констатирал дека лицето овластено за примање на поканата одбил да ја прими, а притоа не ја оставил во канцеларијата на правното лице.

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност