Вести

Делегација на Комората на Постојаниот совет и Меѓународната конференција на Меѓународната унија на судски извршители во Тбилиси

Делегација на Комората, во периодот од 7 до 9 мај, како членка на Меѓународната унија на судски извршители (UIHJ), присуствува на Постојаниот совет и на Меѓународната конференција што се одржуваат во Тбилиси, Грузија.

Настанот опфаќа учество на Меѓународната конференција на тема „Улогата на судскиот извршител во современата правда“, како и на седницата на Постојаниот совет на UIHJ, при што се разгледуваат актуелни прашања од значење за работата на судските извршители на меѓународно ниво.

Галерија

Конкурс за именување на извршители

Конкурс за именување на извршител

Конкурс за именување на извршители

КИРСМ на одбележувањето на 20 години Бугарска комора на приватни извршители

Претставници на КИРСМ присуствуваа на одбележувањето на 20-годишнината од Бугарската комора на приватни извршители, кое се одржа во Софија, при што беа реализирани повеќе работни и свечени активности согласно официјалната програма.

 

 

Делегација на КИРСМ на Постојаниот совет на UIHJ во Париз

Делегација на КИРСМ, предводена од претседателот Весна Деловска и претседателот на Надзорниот одбор Зорица Симиќ, учествуваа на настаните на Постојаниот совет на Меѓународната унија на судски извршители (UIHJ), одржани од 19 до 21 ноември 2025 година во Париз

 

Галерија


Меѓународната научна конференција „Тиквешки денови на правото – 2025

 

На Меѓународната научна конференција „Тиквешки денови на правото – 2025“, организирана од Институтот IURIDICA PRIMA, активно учество зема Весна Деловска, Претседател на КИРСМ. Конференцијата, која се одржа во хотел „Парк“ во Неготино, собра бројни правни експерти од земјата и странство, а присуството на Деловска го збогати дискурсот со нејзините искуства и стручни согледувања.

 

Галерија


МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

 На ден 3 октомври 2025 година, се одржа потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Министерството за правда на Република Северна Македонија, Комората на извршители на Република Северна Македонија и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија.

Со потпишувањето на овој меморандум се воспоставува рамка за меѓусебна институционална соработка и координација, со цел подобрување на ефикасноста на постапките, овозможување навремена и безбедна размена на информации, како и зголемување на правната сигурност

Галерија


Учеството на Комората на извршители на РСМ на меѓународната конференција во Кишињев, Moлдавија

Делегација на Комората на извршители на Република Северна Македонија присуствуваше на јубилејниот настан по повод 15 години од воспоставувањето на извршителскиот систем во Република Молдавија, кој одржува од 17 до 20 септември 2025 година во Кишињев. Во рамки на настанот се одржа и меѓународната конференција „Извршување: правото во акција за социјална еднаквост и економска стабилност“, на која беа разменети искуства и добри практики со извршителите од други земји.

 

Галерија


Форум Европеум 2025

На 8 јули во Скопје се одржа Форум Европеум 2025, во организација на Институтот за европска политика – ЕПИ. Настанот собра експерти, претставници од институции и граѓанскиот сектор за да дискутираат за проширувањето на ЕУ и владеењето на правото, со посебен фокус на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ.

 

Галерија


Завршна конференција на BESp проектот во Бар, Црна Гора

Во периодот од 2 до 4 јули 2025 година, во Бар, Црна Гора, успешно се одржа Завршната конференција на BESp проектот.
Настанот обедини претставници од Коморите од регионот и од Меѓународната унија на судски извршители МУСИ, кои имаа можност да ги сумираат резултатите од петгодишната соработка, да разменат искуства и идеи за идни заеднички иницијативи.
Во рамки на конференцијата беа организирани и неформални активности, меѓу кои и фудбалски турнир „Лига на правни системи“.Со овој настан симболично беше заокружен успешниот петгодишен пат на BESp проектот, кој остави траен печат во областа на правната едукација и регионалната соработка.

Галерија


Mеѓународната конференција на тема „Вештачка интелигенција, дигитални алатки и предизвици во извршувањето на обврските за издршка“

На 11 јуни 2025 година, во Алмати, Република Казахстан, се одржа меѓународната конференција на тема „Вештачка интелигенција, дигитални алатки и предизвици во извршувањето на обврските за издршка“. Настанот собра експерти и носители на одлуки од различни земји, со цел размена на искуства и идеи за модернизација на извршната постапка преку примена на нови технологии и зајакнување на механизмите за наплата на издршка.

Весна Деловска, Претседател на Комората на извршители на Северна Македонија, беше панелист во сесијата „Меѓународна практика во извршувањето на издршката“, која се одржа во рамки на вториот дел од конференцијата, посветен на прашањата поврзани со наплатата на издршката. Повеќе...

Конкурс за именување на извршители

Конкурс за именување на извршители

Известување

Комората на извршители на Република Северна Македонија, согласно член 74 став 2 од Законот за извршување ( “Службен весник на РМ” бр.72/16, 142/16,  233/18,  14/20 и 154/23) го објавува следното Известување:
Се известуваат граѓаните кои биле странки во предметите кои се водеа во канцеларијата на извршител Сузана Гилевска од Битола, дека предметите ги презема извршител Елена Стрезоска, именуван со Решение бр.09-399/4 од 10.04.2025 година на Министер за правда на РСМ за подрачје на Основен суд Битола и Основен суд Ресен, со седиште на ул. Булевар 1-ви Мај бр. 218, Битола.

 

КОМОРА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Претседател,
Весна Деловска

Известување

Комората на извршители на Република Северна Македонија, согласно член 74 став 2 од Законот за извршување ( “Службен весник на РМ” бр.72/16, 142/16,  233/18, 14/20 и 154/23) го објавува следното Известување:

Се известуваат граѓаните кои биле странки во предметите кои се водеа во канцеларијата на извршител Александар Тасевски од Скопје, дека извршител Ивана Нешовска со Решение бр.09-1957/1 од 07.07.2021 година на Министер за правда на РСМ е именуван за подрачје на Основен граѓански суд Скопје и Основен кривичен суд Скопје, за извршител кој ќе ги преземе предметите и евиденцијата која ја водел извршителот Александар Тасевски од Скопје, чија должност престана.

На ден 12.05.2025 година и на ден 15.05.2025 година извршител Ивана Нешовска презеде 8.644 предмети од поранешниот извршител Александар Тасевски.

Канцеларијата на извршител Ивана Нешовска е со седиште на ул. Никола Вапцаров бр.7/1-15, Скопје.

КОМОРА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Претседател,
Весна Деловска

19 години заедничка посветеност и професионализам

На 7 јуни 2006 година беше поставен темелот на Комората на извршители на Република Северна Македонија – темел изграден врз визија, храброст и стремеж кон правна сигурност и професионализам.

19 години подоцна, со искрено задоволство и гордост го одбележуваме овој значаен јубилеј, славејќи го континуираниот развој, трудот и ангажманот на сите членови кои придонесуваа и придонесуваат Комората да биде тоа што е – стабилен и угледен столб на извршната служба.Повеќе…

Семинар на извршители – 30 мај 2025 година

 
На 30 мај 2025 година, во Велес, се одржа семинар во организација на Комората на извршители на Република Северна Македонија. Темите беа посветени на прашања поврзани со стечајот, одговорноста на управителите и основачите на Трговските друштва и практични аспекти од извршувањето. Настанот вклучи излагања од стечајни управници и универзитетски професори, како и дискусија со извршителите, со цел унапредување на професионалната практика.
 
 
 
 
 
 
 
Галерија


Пролетен совет на Меѓународната унија на судски службеници (UIHJ),

 

На 15 мај 2025 година, Претседателката на Комората на извршители на Република Северна Македонија, Весна Деловска, присуствуваше на Пролетниот совет на Меѓународната унија на судски службеници (UIHJ), што се одржа во Хаг, Холандија.

Во фокусот на оваа меѓународна конференција беа новите законски решенија и регулативи кои наметнуваат поголема социјална одговорност, како и потребата од интеграција на дигитални иновации во работата на извршителите.

Учество на КИРСМ на меѓународна конференција по повод 40-годишнината на CILC

 

На 13 мај 2025 година, Претседателката на Комората на извршители на Република Северна Македонија, Весна Деловска, присуствуваше на свечената конференција организирана по повод одбележувањето на 40 години од основањето на Центарот за меѓународна правна соработка (CILC).

Настанот, кој се одржа во знакот на четиридецениската посветеност на CILC во унапредувањето на владеењето на правото и меѓународната правна соработка, собра претставници од правосудни институции, правни експерти и партнери од повеќе земји. Присуството на КИРСМ на овој значаен јубилеј претставува потврда за континуираната соработка и заедничките заложби за јакнење на правната рамка и независноста на професијата извршител во земјата и пошироко.

Регионална работилница за дисциплински постапки и етика во Западен Балкан

Проектот „Зајакнување на извршувањето на Балканот“ (BESP), финансиран од Министерството за надворешни работи на Холандија и спроведен од Центарот за меѓународна правна соработка и UIHJ, на 24 и 25 февруари ги собра Министерствата за правда и Коморите на извршители од земјите на Западен Балкан во Струмица, Северна Македонија, за да дискутираат за дисциплинските постапки и етиката. UIHJ беше претставен од неговиот прв потпретседател, Јос Уитдехааг. Повеќе...

Конкурс за именување на извршител

Конкурс за именување на извршител

Известување

Се известуваат граѓаните кои биле странки во предметите кои се водеа во канцеларијата на извршител Фанија Каламатиева од Скопје, дека предметите ги презема извршител Кристијан Климоски, именуван со Решение бр.09-2790/1 од 04.11.2024 година на Министер за правда на РСМ за подрачје на Основен граѓански суд Скопје и Основен кривичен суд Скопје, со седиште на ул. Луј Пастер бр. 11/1-1 Скопје.

Преводот на содржините е целосно автоматизиран

Преводот на содржините е целосно автоматизиран

Партнерства и соработка

Јавни објави за достава

Logotype1111

2026/3406
Извршител: Премтим Ќерими
Име/назив на странката: ДПТГМУ ХАНЗА ДООЕЛ Куманово
Позната адреса: ул. И.Л.Рибар бр. 85, Куманово , Р.С.Македонија
Бр.на предмет: И.бр.593/16
Рок: 1 (еден) ден

2026/3405
Извршител: Слободанка Колоска
Име/назив на странката: соседите чие земјиште граничи со земјиштето што се продава, а кое е запишано во лист Б ИЛ 7532 за КО Охрид 4 при АКН-ОКН Охрид
Позната адреса: викано место Патерица КО Охрид 4
Бр.на предмет: И.бр.746/25
Рок:

2026/3404
Извршител: Васко Блажевски
Име/назив на странката: Маневска Мирјана
Позната адреса: ул.Имарет 12, Охрид
Бр.на предмет: И.бр.1791/24
Рок: (1) еден ден

2026/3403
Извршител: Премтим Ќерими
Име/назив на странката: ДПТУ ЕСПРЕССОКАФФЕ ДООЕЛ увоз-извоз с. Отља Липково
Позната адреса: с. Отља, Липково, Куманово , Р.С.Македонија
Бр.на предмет: И.бр.999/2023
Рок: 1 (еден) ден

2026/3402
Извршител: Александар Чамовски
Име/назив на странката: ДПТУ КАСАЛУССО ДИЗАЈН ДООЕЛ с.Робово Босилово
Позната адреса: 3 бр.10 Инд.зона-блок 10 Робово Босилово
Бр.на предмет: И.бр.2148/2025
Рок: 1 ден

Продажба на имот

 





НЕДВИЖЕН ИМОТ


  2187/2024
Тип недвижност: Куќа
Извршител: Влатко Лалков
Датум продажба: 2026-06-03
 имотен лист бр.441 КО Кавадарци,Продажбата ќе се одржи на ден 03.06.2026 година во 10 часот во просториите на извршителот Влатко Лалков.
Почетна цена: 5,071,548
Квадратура: 78
Град: Кавадарци


  1493/2025
Тип недвижност: Деловен простор
Извршител: Ванчо Марковски
Датум продажба: 2026-05-22
 Имотен Лист бр.950 на КО ДОЛНО СЕДЛАРЦЕ Имотен Лист бр.2489 на КО ДОЛНО СЕДЛАРЦЕ што се води кај Агенцијата за катастар на недвижности Одделение за катастар на недвижности Тетово ,Почетната вредност на недвижностите, утврдена со заклучок за утврдување на вредност на недвижност И.бр.1493/2025 од 05.05.2026 година, по член 177 од ЗИ изнесува 725.266,00 евра во денарска противвредност по средниот курс на НБРСМ на денот на продажбата под која недвижноста не може да се продаде на второто јавно наддавање.Продажбата ќе се одржи на ден 22.05.2026 година во 13 часот во просториите на Извршител Ванчо Марковски .
Почетна цена: 0
Квадратура: 69
Град: Тетово


  1647/2026
Тип недвижност: Куќа
Извршител: Александар Чамовски
Датум продажба: 2026-05-20
 З А К Л У Ч О К
за поправање во актите на извршителот
(врз основа на член 10 став (1) од Законот за извршување и член 331 од Законот за парничната постапка)

Почетна цена: 2,868,606
Квадратура: 62
Град: Струмица


  409/2024
Тип недвижност: Земјиште
Извршител: Ангел Костадиновски
Датум продажба: 2026-05-26
 Продажбата ќе се одржи на ден 26.05.2026 година во 12:00 часот во просториите на Извршител Ангел Костадиновски ул.Шишка бр.2 Кавадарци.
Почетна цена: 847,065
Квадратура: 4722
Град: Неготино


  2187/2024
Тип недвижност: Стан
Извршител: Влатко Лалков
Датум продажба: 2026-06-03
 Продажбата ќе се одржи на ден 03.06.2026 година во 10 часот во просториите на извршителот Влатко Лалков на ул.Цано Поп Ристов бр.24А во Кавадарци.
Почетна цена: 5,071,548
Квадратура: 78
Град: Кавадарци


ПОДВИЖЕН ИМОТ


 1288/2025
Движнина: Автомобил
Извршител: Дејан Костовски
Датум на продажба: 2026-05-27
  ПМВ марка “AUDI“ комерцијална ознака „A6 LIMOUSINE“, со број на шасија
WAUZZZF24KN027439, година на производство 2018, регистарска ознака SU-4224-AF ,Продажбата ќе се одржи на ден 27.05.2026 година во 11:00 часот во просториите на Извршител Дејан Костовски од Охрид.

Почетна цена: 1,344,636
Град: Охрид


 571/2025
Движнина: Автомобил
Извршител: Игор Антевски
Датум на продажба: 2026-05-06
  ТМВ – марка: PEUGEOT, тип: BIPPER 1.4 HDI, година на производство: 2009 година, број на шасија:
VF3AA8HSC84217287, со регистарски број: SK-8376-BR, бела боја, дизел, со сила на моторот од 50 KW и други подвижни предмети-Продажбата ќе се одржи на ден 06.05.2026 година во 11:00 часот во просториите на Извршител
Игор Антевски.
Почетна цена: 129,150
Град: Скопје


 2826/2024
Движнина: Друго
Извршител: Игор Антевски
Датум на продажба: 2026-05-05
  Резервоар, Производител: Maleric, тип/модел: 3300 L, Сер.Фабрички бр.01617/16, со вредност во
износ од 83.905,00 денари;
2. Резервоар, Производител: Maleric, тип/модел: 3300 L, Сер.Фабрички бр.01618/16, со вредност во
износ од 83.905,00 денариПродажбата ќе се одржи на ден 05.05.2026 година во 12:00 часот во просториите на Извршител
на Извршител Игор Антевски од Скопје
Почетна цена: 83,905
Град: Скопје


 1843/2016
Движнина: Друго
Извршител: Премтим Ќерими
Датум на продажба: 2026-04-30
   машини, опрема и подвижен имот опишани во Процена на вредност на машини , опрема и подвижен имот бр.03-74/1 изготвен од Овластен проценител Рацио Груп Дооел Куманово , што се наоѓаат во сопственост на солидарниот должник ДПТГМ СОБИМ Бранислав и Марјан ДОО Куманово-во стечај од Куманово -вкупно проценета вредност од 67.854,00 евра или во денарска противвредност 4.179.825,00 денари Согласно чл. 109 став 4 од ЗИ спецификација на подвижните предметите за кои е определена прва усна јавна продажба е достапна во канцеларија на извршителот Премтим Ќерими од Куманово . Продажбата ќе се одржи на ден 30.04.2026 година во 11:00 часот во просториите на канцеларија на Извршител Премтим Ќерими од Куманово
Почетна цена: 0
Град: Куманово


 1137/2025
Движнина: Машини
Извршител: Весна Јакимовска
Датум на продажба: 2026-05-07
  Багер производител LIEBHERR модел R 944 HDS,сериски број WLHZ0786AZC027885,година на произвоство 2010 година и други подвижни предмети-Продажбата ќе се одржи на ден 07.05.2026 година(четврток ) во 11.00 часот во просториите на канцеларија на Извршител Весна Јакимовска .
Почетна цена: 1,722,000
Град: Гостивар

Обука за обучувачи (ТоТ)

1111

Одлуки

Logotype1111

Дисциплинска комисија

Најди извршител

mapa_mk

Огласи за продажба

nedvizen imot
New Image
LogoHeader2014
aukciska_kukja

Академик

image001

Член на Деловен совет

uacs_logo

зсрм

header
QRCode
lupa-6

Испит за извршители

ispit na izvrsiteli 2

bannerbg_main

usaid

Најчести прашања

prasalnik 2

26122011162156_g_komisija-za-zastita-na-prav

usaid

Анкета

Новиот дизајн е:

Резултати од гласањето

Loading ... Loading ...
May 2026
M T W T F S S
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031