Archive for 4 July, 2025
Завршна конференција на BESp проектот во Бар, Црна Гора
Во периодот од 2 до 4 јули 2025 година, во Бар, Црна Гора, успешно се одржа Завршната конференција на BESp проектот.
Настанот обедини претставници од Коморите од регионот и од Меѓународната унија на судски извршители МУСИ, кои имаа можност да ги сумираат резултатите од петгодишната соработка, да разменат искуства и идеи за идни заеднички иницијативи.
Во рамки на конференцијата беа организирани и неформални активности, меѓу кои и фудбалски турнир „Лига на правни системи“.Со овој настан симболично беше заокружен успешниот петгодишен пат на BESp проектот, кој остави траен печат во областа на правната едукација и регионалната соработка.