КИРМ за објавувањето на ЕМБГ во дневните весници: Проблемот е во колизијата на одредби, навремено интервениравме со предлог за нивно уредување
Четврток, 14 ноември 2014 – Немаме информации дали постојат извршители кои заработиле казни за објавување единствените матични броеви на граѓани во дневните весници, велат од Комората на извршители на РМ (КИРМ) за Академик, откако вчера беше објавено дека Дирекцијата за заштита на личните податоци поднела прекршочни пријави против четворица извршители. Комората истакнува дека суштината на создадениот проблем е во толкувањето, колизијата и примената на законските одредби и од тие причини претходно алармирале дека постоечките решенија создаваат проблеми во пракса. За ова прашање тие го искажаа својот став преку соопштение.