EВРОПСКИ ДЕН НА ПРАВДАТА: Комората на извршители на РСМ на 25 октомври организира онлајн отворен ден за граѓаните

25-ти октомври е Европски ден на правдата што секоја година се одбележува во сите држави во Европа. Целта за негово одбележување е правдата да се доближи до граѓаните и тие да бидат запознаени со нејзиното спроведување. Со тоа се обезбедува широк пристап до правдата за граѓаните и пошироката јавност. Интенцијата за одбележување на Европскиот ден на правдата е на граѓаните да им се овозможи одблизу да бидат запознаени со нивните основни права во повеќе области (семејно право, право на сопственост, наследување, договорно право, авторско право и сл.). Исто така, на овој ден граѓаните се запознаваат со функционирање на системот на правосудството во поширока смисла ( пристапот до правдата, медијацијата, извршувањето на судските пресуди и сл.).
Иницијативата за одбележување на овој ден потекнува од Европската комисија и од Советот на Европа кои широко го поддржуваат организирањето на активностите во сите европски држави. Овој ден посебно се одбележува со организирање на отворени денови во судовите, средби на судии, извршители, нотари, адвокати и медијатори со граѓаните, давање на информации и совети на граѓаните, симулација на судења, организирање локални конференции и слично.
По тој повод, Ве известуваме дека Комората на извршители на РСМ согласно новонастанатите состојби предизвикани од вирусот Ковид 19 ќе им овозможи на граѓаните да се запознаат со надлежностите на извршителите, постапката при спроведување на извршните исправи, како и други прашања поврзани со извршувањето. Секој заинтересиран граѓанин може да се информира и да постави прашање од областа на извршувањето преку испраќање на порака на маилот: kirm@kirm.mk со назнака ,, Европски ден на правдата”.

Преводот на содржините е целосно автоматизиран

Преводот на содржините е целосно автоматизиран

Партнерства и соработка

Јавни објави за достава

Logotype1111

Продажба на имот

 




Обука за обучувачи (ТоТ)

1111

Одлуки

Logotype1111

Дисциплинска комисија

Најди извршител

mapa_mk

Огласи за продажба

nedvizen imot
New Image
LogoHeader2014
aukciska_kukja

Академик

image001

Член на Деловен совет

uacs_logo

зсрм

header
QRCode
lupa-6

Испит за извршители

ispit na izvrsiteli 2

bannerbg_main

usaid

Најчести прашања

prasalnik 2

26122011162156_g_komisija-za-zastita-na-prav

usaid

February 2026
M T W T F S S
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
232425262728