Вести
Известување за променети посебни сметки на извршители кои имале отворено сметки во Охридска банка АД Скопје
Комората на извршители на Република Северна Македонија Ве информира дека заради присоединувањето на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе банка Македонија АД Скопје, посебните сметки на извршителите отворени во Охридска банка АД Скопје почнувајќи од 19.07.2021 година нема да бидат повеќе во функција.
Новите посебни сметки на извршителите кои имале сметки во Охридска банка АД Скопје, можете да ги преземете од следниот Список на променети посебни сметки
Офицер за заштита на лични податоци
Со законот за заштита на личните податоци се уредува заштитата на личните податоци како основни слободи и права на граѓаните, а особено правата на приватност во врска со обработка на лични податоци
Oфицер за заштита на лични податоци
Љубица Новјановска Брајковска
mail: kirm@kirm.mk
Контакт тел.: + 389 2 3239 877
ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
Политиката на приватност ви дава општи информации за обработка на личните податоци кога ја посетувате нашата веб страна. Се собираат само лични податоци кои се неопходни заради остварување на нашите законски надлежности и овластувања.
Ги замолуваме корисниците да ја прочитаат оваа Политика на приватност, со цел да се запознаат како се користат податоците што Комората на извршители на Република Северна Македонија (во понатамошниот текст КИРСМ) ги добива по било кој основ а кој автоматски или рачно се обработуваат од страна на КИРСМ.
Со пристапот и со користење на оваа веб страна, корисникот потврдува дека ја прочитал, разбрал и се согласува со Политиката за приватност на КИРСМ. Доколку корисникот не се согласува со условите, го молиме да не пристапува во веб сајтот на КИРСМ.
1. КОНТРОЛОР НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Контролор на лични податоци е Комората на извршители на Република Северна Македонија со седиште на улица: Костурски херои бр.66/4, Скопје, Република Северна Македонија.
Комората на извршители на Република Северна Македонија е коморско здружение на извршителите и замениците на извршителите во Република Северна Македонија.
Личните податоци се обработуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
2.ПОДАТОЦИ КОИ СЕ СОБИРААТ
КИРСМ собира податоци поврзани со следниве категории на лица:
- посетители на нашата интернет страна www.kirm.mk, корисници без и со кориснички профил на веб страната на КИРСМ. Ве известуваме дека автоматски ги евидентираме информациите за посетите на нашата интернет страна и тие претставуваат статистички податоци кои ги користиме единствено заради следење на навиките и преференциите на посетителите на нашата веб страна, а со цел да го подобриме квалитетот и услугите што ги нудиме на страницата. Вашата IP адреса, типот на интернет пребарувач, типот на оперативниот систем се евидентираат како статистички податоци во агрегатна форма. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте на нашата политика за користење на колачиња. (линк);
- членови на КИРСМ и вработени во канцеларии на извршителите, се обработуваат лични податоци кои произлегуваат од обврските предвидени во Законот за извршување;
- физички лица во врска со поднесување на барања, приговoри, претставки, известувања, барање за потврди, предлози и друго. Се обработуваат лични податоци кои произлегуваат од обврските предвидени во Законот за извршување, Законот за постапување по претставки и предлози и други закони;
- надворешни соработници, членови на комисии, предавачи на семинари и обуки- лични податоци за реализирање на активности предвидени со Закон за извршување и акти на КИРСМ;
- лица кои бараат пристап до информации од јавен карактер врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
3.КАТЕГОРИИ НА ПОДАТОЦИ КОИ СЕ ОБРАБОТУВААТ
А.Податоци за навигација
- Вашата интернет протокол (IP) адреса;
- Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
- Вашиот оперативен систем;
- Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
- Држава (се одредува преку IP адресата).
Б.Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат
Лични податоци кои ги прибираме, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за одредени цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите надлежности согласно Законот за извршување, а во врска со барања на известувања, претставки, приговори, барање за потврди и друго. Се она што дополнително како личен податок е доставено од Ваша страна без барање од КИРСМ а во врска со остварување на Вашите права, ќе биде предмет на обработка согласно Законот за заштита на личните податоци.
КИРСМ собира некои од следниве категории на лични податоци: име и презиме, контакт адреса, телефонски број, е-маил адреса и потпис.
4.КАКО СЕ СОБИРААТ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Личните податоци ги собираме на различни начини и тоа:
- преку Вашата посета на нашата web starana;
- преку нашиот емаил: kirm@kirm.mk, izvrsitelinarm@yahoo.com, oglasi@kirm.mk ;
- преку пошта;
- усмено (за усмените барања се изготвува записник кој се потпишува од страна на лицето по чие барање се подготвува истиот и од страна на вработено лице во КИРСМ кое го составило и е заведено во во архивата на КИРСМ)
5.КАТЕГОРИИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Активностите за обработка на лични податоци поврзани со услугите достапни преку веб страницата на КИРСМ, се извршуваат од страна на вработени лица кои се одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметни активности. КИРСМ не споделува информации и податоци за Вас или за Вашата посета на нашата веб страна на трети лица освен во следните случаи:
- · Во случај при ангажирање на даватели на услуги, ако КИРСМ ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат согласно упатствата на КИРСМ и да обезбедуваат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедување на тие услуги.
- · По барање на полиција, суд или други органи и тела за вршење на нивната надлежност согласно законски основи.
6.ВРЕМЕ НА ЧУВАЊЕ НА СОБРАНИТЕ ПОДАТОЦИ
Податоците кои се собираат се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утвредни со рокови на чување.
7.ПРАВА ВО ОДНОС НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ:
– Право да бидете информирани за обработката на личните податоци;
– Право на пристап до личните податоци;
– Право на исправка и бришење на личните податоци;
– Право на ограничување на обработката на личните податоци;
– Право на приговор;
– За остварување на правата за заштита на лични податоци, секој посетител или барател може да го контактира офицерот за заштита на личните податоци на КИРСМ.
8.ПРАВО НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОПЛАКИ ДО КИРСМ
Доколку сметате дека начинот на кој што КИРСМ ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, може да поднесете пополака до КИРСМ, согласно Законот за заштита на личните податоци.
9.ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Политиката за приватност редовно ќе се менува, усогласува и дополнува согласно настанатите промени и евентуално согласно законските измени.
10.ЗАШТИТА ОД ЗЛОУПОТРЕБИ
КИРСМ ги презема сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од неовластен пристап и злоупотреба.
Редовно годишно Собрание

На ден 26.02.2021 година во Скопје се одржа Редовно годишно Собрание на Комората на извршители на Република Северна Македонија, на кое Собрание беше усвооен Годишниот извештај за работата на Комората во период од 01.01.2020-31.12.2020 година повеќе...
Обука за обучувачи (ТоТ)

Во рамки на проектот „Прекугранично извршување на пресуди“, финансиран од страна на Федералното Германско Министерство за економска соработка и развој и Германското Друштво за Интернационална Соработка, Отворениот Регионален Фонд за правна реформа во Југоистична Европа во соработка со Меѓународна унија за извршители ја организираа првата сесија од регионалната онлајн програма насловена како Обука на обучувачи ( Train-the-Trainer повеќе...
Известување
Се известуваат граѓаните кои биле странки во предметите кои се водеа во канцеларијата на извршител Владе Милевски од Битола, дека предметите ги презема извршител Николина Стојковска од Битола, определен со Решение бр.09-111/1 од 13.01.2021 година на Министер за правда на РСМ за подрачје на Основен суд Битола и Основен суд Ресен, со седиште на ул. Булевар 1- ви Мај 202 /6,7,9 Битола.
Известување
Се известуваат граѓаните кои биле странки во предметите кои се водеа во канцеларијата на извршител Станка Кулакова од Штип, дека предметите ги презема извршител Силвана Митевска од Штип, определен со Решение бр.09-2957/2 од 23.12.2020 година на Министер за правда на РСМ за подрачје на Основен суд Штип и Основен суд Св. Николе, со седиште на ул. Кирил и Методи 11/1кат/3 Штип.
Известување
Се известуваат граѓаните кои биле странки во предметите кои се водеа во канцеларијата на извршител Васил Донев од Струмица, дека предметите ги презема извршител Милена Манолева, именуван со Решение бр.09-09-2829/1 од 27.11.2020 година на Министер за правда на РСМ за подрачје на Основен суд Струмица и Основен суд Радовиш, со седиште на ул. Маршал Тито бр. бр.4/1-1 Струмица.
Известување
Се известуваат граѓаните кои биле странки во предметите кои се водеа во канцеларијата на извршител Зоран Стоиловски од Делчево, дека предметите ги презема извршител Маријана Кацарска Могилевска од Кочани, определен со Решение бр.09-2958/2 од 23.12.2020 година на Министер за правда на РСМ за подрачје на Основен суд Кочани, Основен суд Берово, Основен суд Виница и Основен суд Делчево, со седиште на ул. Маршал Тито бр. 97/7-1 Кочани.
Повик за обучувачи во рамки на проект со Германското друштво за интернационална соработка ( ГИЗ)
Комората на извршители на РСМ во соработка со Германското друштво за интернационална соработка ( ГИЗ) отворен регионален фонд за Југоисточна Европа- поддршка во правните реформи во земјите на Југоисочна Европа е дел од Програмата ,, Јакнење на прекугранично извршување на пресуди”. За таа цел Комората објавува повик за обучувачи кои би земале учество во програмата Обука за обучувачи за извршно право на приватните извршители чија што цел ќе биде да се развие одржлива програма за обука на приватните извршители со цел да се подобри прекуграничното извршување и да се развие една група на обучувачи за регионот на Југоисточна Европа.Работен состанок со Заменик на Претседателот на Владата на РСМ за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси и Министерот за правда на РСМ
На ден 29.10.2020 година, во просториите на Министерството за правда на РСМ, Претседателот на КИРСМ Ванчо Марковски, извршител Николче Диневски член на Управен одбор на КИРМ и извршител Јорданчо Давитковски одржаа работен состанок со Заменик на Претседателот на Владата на РСМ за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси г-дин Љупчо Николовски и Министерот за правда г-дин Бојан Маричиќ. повеќе...
Вонредна седница на Собрание на Комора на извршители на РСМ
Собранието на Kомората на извршители на Република Северна Македонија на седница во Скопје на 01.10.2020 година избра нов Претседател на Комората со мандат од три години започнувајќи од 11.10.2020 година. За нов Претседател на Комората на извршители на РСМ е избран Ванчо Марковски, извршител од Тетово.
На седницата на Собрание на КИРСМ беа избрани и нови членови на Управниот одбор на Комората на извршители на РСМ со мандат од три години започнувајќи од 16.11.2020 година. За член на Управниот одбор од подрачјето на Апелациониот суд Штип е избран извршител Славе Дончев од Кочани а за член на Управниот одбор од подрачјето на Апелациониот суд Гостивар е избран извршител Чедомир Личковски од Гостивар.
За членови на Управен одбор од подрачјето на Апелациониот суд Скопје не беше избран ниту еден од кандидатите.
За член на Дисциплинска комисија од редот на извршителите со мандат од три години започнувајќи од 01.10.2020 година е избран извршител Славица Ацовска од Тетово.
Вонредна седница на Собранието на Комората на извршители на РСМ.
Собранието на Kомората на извршители на Република Северна Македонија на седница во Скопје на 10.08.2020 година избра нови членови на органите на Комората на извршители со мандат започнувајки од 10.08.2020 година.
За член на Управниот одбор од подрачјето на Апелациониот суд Битола се избра извршител Николче Диневски од Битола а за Заменик член на Дисциплинска комисија на КИРСМ од редот на извршителите се избра извршител Благој Бањански од Неготино.
За Претседател на Комората на извршители на РСМ не беше избран ниту еден од кандидатите
Известување до јавноста
По повод написите во дел од медиумите и социјалните мрежи, Комората на извршители на РСМ ја известува јавноста за следното:
Согласно Уредба со законска сила за примена на Законот за извршување за време на вонредна состојба ( Службен весник бр. 86 од 01.04.2020 година) е предвидено дека Законот за извршување ( Службен весник бр. 72/16,142/16,233/18 и 14/20) нема да се применува од денот на влегување во сила на уредбата со законска сила до 30 јуни 2020 година, a согласно Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување за време на вонредна состојба ( Службен весник бр. 156 од 12.06.2020 година) се менуваат зборовите од првата Уредба ,, до 30 јуни” со зборовите,, заклучно со истекот на 30 дена по престанувањето на вонредната состојба”.
Согласно последната Уредба со законска сила за измена и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување, важењето на Уредбата е уште 30 дена по престанувањето на вонредната состојба а која заврши на 23.06.2020 година, што значи дека од 24.07.2020 година продолжува целосната примена на Законот за извршување.
Комора на извршители на РСМ
Претседател,
Зоран Димов
Одлука на Уставен суд на РСМ
Службен весник на РСМ, бр. 136 од 27.5.2020 година
20201361835
УСТАВЕН СУД НА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот
на Република Северна Македонија и членот 70 од Деловникот на Уставниот суд на
Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.70/1992 и
„Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 202/2019), на седницата одржана
на 12 мај 2020 година, донесе
ОДЛУКА
1. СЕ УКИНУВА член 18 став 2 од Законот за извршување („Службен весник на
Република Македонија“ бр.72/2016, 142/2016 и 233/2018).
Одлука на Уставен суд ( Службен весник бр. 136 од 27.05.2020 година) PDF формат
повеќе...
Известување

Комората на извршители на РСМ ги известува граѓаните кои биле странки кај извршител Благој Панов од Кочани во иднина да се јавуваат во канцеларијата на извршител Орце Гоцевски од Делчево, определен за преземање на предметите од страна на Министер за правда на РСМ за подрачјето на Основен суд Кочани, Основен суд Берово, Основен суд Виница и Основен суд Делчево, со седиште на адреса ул.Бул.Македонија бр.45/5-14 во Делчево, телефон: 033/411-608; 033/270-266 и e-mail: gocevski_orce@t-home.mk
Известување
Комората на извршители на РСМ ги известува граѓаните кои биле странки кај извршител Весна Кавракова од Куманово во иднина да се јавуваат во канцеларијата на извршител Билјана Николовска именуван за подрачјето на Основен суд Куманово, Основен суд Крива Паланка и Основен суд Кратово, на адреса ул.Ленинова бр. 20А влез 1, стан 1 Куманово , телефон: 031 550-722 и e-mail: izvrshitel@izvrshitel.mk




















