Политика на приватност
Комората на извршители на РМ не ја гарантира приватноста на електронската комуникација и поради тоа Ве молиме да не испраќате лични податоци преку e-mail. Доколку е потребно податоците пратете ни ги по пошта на адресата на Комората на извршители на РМ.
Ве известуваме дека автоматски ги евидентираме информациите за посетите на нашата интернет страна и тие претставуваат статистички податоци кои ги користиме единствено заради следење на навиките и преференциите на посетителите на нашата веб страна, а со цел да го подобриме квалитетот и услугите што ги нудиме на страницата. Вашата IP адреса, типот на интернет пребарувач, типот на оперативниот систем, траењето на посетата на страницата како и содржините кои ги гледате се евидентираат како статистички податоци во агрегатна форма.
“Cookies” се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер заради следење на движењето на вашиот интернет пребарувач од страна на интернет страната. Со помош на ваквите фајлови се следи движењето на посетителите на страната по неа, и на тој начин се собираат податоци како да се оптимизира и унапреди функционалноста на страната. Овие фајлови не се поврзуваат со ваши лични податоци.