540true dots bottomright 264true true 1500http://kirm.mk/wp-content/plugins/thethe-image-slider/style/skins/white-rounded
  • 5000 slideleft true 60 bottom 30 http://kirm.mk/?p=2516
    Slide5 
    Последниве 9 месеци наплатени околу 73 милиони евра
  • 5000 slideleft true 60 bottom 30 http://www.akademik.mk/nad-100-krivichni-prijavi-podneseni-protiv-izvrshitelite-vo-period-od-7-godini
    Slide7 
    Над 100 кривични пријави поднесени против извршителите во период од 7 години
  • 5000 slideleft true 60 bottom 30 http://vecer.mk/ekonomija/stravot-od-izvrshitel-gi-tera-gragjanite-redovno-da-gi-plakjaat-smetkite
    Slide7 
    Намалена присилната наплата
  • 5000 slideleft true 60 bottom 30 http://kirm.mk/?p=2469
    Slide9 
    На ден 07.11.2014 година, делегација од Комората на извршители на Република Македонија беше во посета на Комората на приватни извршители во Република Бугарија.
  • 5000 slideleft true 60 bottom 30 http://www.akademik.mk/jashari-izvrshuvaneto-ima-iskluchitelno-pozitivni-ekonomski-vlijanija
    Slide8 
    Јашари: Извршувањето има исклучително позитивни економски влијанија

Последниве 9 месеци наплатени околу 73 милиони евра

извор.Академик

Последниве 8 години преку системот на извршување, кој Македонија го воведе во 2006 година, се наплатиле над половина милијарда евра. Што се однесува конкретно на бројките од годинава, пак, од Комората на извршители на РМ (КИРМ), посочуваат дека се подобрува финансиската дисциплина во државата, а извршувањето бележи пад,  тренд што се очекува да се задржи и во иднина. Осврнувајќи се на проблемите, коишто се јавуваат во постапката на извршување и на кои постојано се жалат должниците, а истовремено им создаваат главоболки и на извршителите, од Комората уверуваат дека  ќе се надминат со донесувањето на новиот Закон за извршување, кој, пак, веќе 4 години е заглавен во институционалните лавиринти.

повеќе...

Информација за јавноста

2222222По повод се почестите написи во дел од медиумите Комората на извршители на РМ чуствува потреба да го појасни следново :

повеќе...

Советување на 23.12.2014 година во организација на Здружението на правниците на РМ

headСоветување на 23.12.2014 година во организација на Здружението на правниците на РМ на тема-Претпоставки за ефективно оданочување на авторските договори, договорите за вршење на повремени работи и за оданочување на добивка“….посебен фокус на регулативата која ќе почне да се применува од 1.1.2015 година повеќе...

Конкурс за именување на извршител

header_bg1_mak

 

Конкурс за именување на извршител

 

Над 100 кривични пријави поднесени против извршителите во период од 7 години

IZVRSITELI-2извор. Академик
Заклучно со 2013-та, против извршителите биле поднесени околу 106 кривични пријави. Најголем број од нив, околу 95 отсто, обвинителствата ги отфрлиле како неосновани. Причините за посегнување кон пријави најчесто треба да се бараат во природата на работата на извршителите, посебно во овој временски период кога има наплив на огромен број извршни предмети од судовите, истакнаа  учесниците на Тркалезната маса посветена на кривично-правниот аспект во постапката на извршување што во организација на Комората на извршители на РМ и на Академијата за судии и јавни обвинители. повеќе...

Известување

back-to-school_fixed_redСЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ДЕКА ИСПИТОТ ЗА ИЗВРШИТЕЛИ ОД
НОЕМВРСИКА ИСПИТНА СЕСИЈА ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 28 НОЕМВРИ (ПЕТОК) 2014 година СО
ПОЧЕТОК ВО 10.00 ЧАСОТ ПИСМЕНИОТ ДЕЛ И 13 h УСНИОТ ДЕЛ, ВО ПРОСТОРИИТЕ НА
АПЕЛАЦИОНИОТ СУД ВО СКОПЈЕ (во салата за колегиум) .

Посета на комората на приватни извршители на Република Бугарија

viber image.На ден 07.11.2014 година, делегација од Комората на извршители на Република Македонија беше во посета на Комората на приватни извршители во Република Бугарија.

Одржана регионална тркалезна маса во Гостивар

20141031_122709 (1)На ден 31.10.2014 година во салата на советот на општината Гостивар, се одржа регионална тркалезна маса на тема „ Опсег и правни последици од примена на Кривичниот законик за кривични дела сторени при спроведување на извршувањето од страна на извршителот односно сторени од страна на странките и учесниците во извршувањето „. Повеќе…

Првите решенија за отпис на долгови на граѓани од ранливи категории доделени во Велес

otpisdodel

 

Mинистерoт за финансии, Зоран Ставрески и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, во Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи во Велес, ги доделија првите решенија за отпис на долгови на граѓани oд ранливи категории.  Повеќе…

Еднодневно советување на тема „ЗАДОЛЖИТЕЛНОСТА НА ЗАДОЛЖНИЦАТА”

head

ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА ЕДНОДНЕВНО СОВЕТУВАЊЕ НА ТЕМА „ЗАДОЛЖИТЕЛНОСТА НА ЗАДОЛЖНИЦАТА ОД 1.1.2015 – ДИЛЕМИ И ПРЕПОРАКИ“ ЗАКАЖАНА ЗА 11.11.2014 година во хотел Холидеј Ин.

повеќе...

Конкурс за именување на извршител

header_bg1_mak

 

Конкурс за именување на извршител

Известување

BAT_5220 copy

 

На 17.10.2014 претседателот на Комората на извршители на РМ, Зоран Петрески, присуствуваше на  свечена академија организирана од Нотарската комора на на РМ (НКРМ) по повод одржувањето на нотарските денови.

На настанот се обрати министерот за правда  Аднан Јашари кој порача дека нотаријатот е еден битните чинители кој придонесе за поефикасно функционирање на правниот систем во Македонија.  повеќе...

Се продлабочува соработката меѓу македонската и албанската Комора на извршители

 

logo e dhomes
Делегација на Комората на извршители на РМ на покана на Комората на извршители
на Република Албанија на 10.10.2014 присуствуваше на одбележување на
четиригодишнината од основањето на албанската Комората на извршители.
повеќе...

Вонредна седница на Собранието на Комората на извршителите и Семинар на извршителите

DSC_3306

Од 03 до 05 oктомври 2014 година, во Струга во хотел “Дрим“се одржа вонредна седница на Собранието на Комората на извршителите и Семинар на извршителите на Република Македонија. Во рамки на семинарот Министерот за правда г-дин d-r Adnan Jashari одржа поздравен говор во кој ја истакна поддршката на Министерството за правда на извршителите. Во рамкинасеминарот свое излагање имаше професор д-р Арсен Јаневски од правниот факултет ”Јустинијан први”,г-дин Димитар Ѓеорѓиевски Директор на Дирекцијата за заштита на личните податoци, г-ѓа Славица Богоева Директорот на Македонско кредитно биро како и претставници на Управата за јавни приходи.На семинарот беше присутна и делегација на Комората на  извршители на Република Албанија.   Повеќе фотографии

 

200.000 ЕВРА ЗА ПЕНЗИСКО ЗАГЛА­ВЕНИ КАЈ ИЗВРШИТЕЛИТЕ

EF0AC00F11E20748B33F6D69439B4C95

(извор Вест)

ПОРАДИ БИРОКРАТ­СКИ ПРЕЧ­КИ НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРОВЕДАТ СУД­СКИ ОДЛУКИ ЗА 155 РАБОТНИЦИ

200.000 ЕВРА ЗА ПЕНЗИСКО ЗАГЛА­ВЕНИ КАЈ ИЗВРШИТЕЛИТЕ

Извршителите не смеат парите да им ги дадат во кеш на оштетените оти мора да одат директно во државните фондови, а од Управата за јавни приходи објаснуваат дека не можат да примат уплата само за еден придонес, зашто од 2009 година во сила е бруто-платата, што подразбира уплата на сите придонеси заедно повеќе...

Учество на промоција

bannerbg_mainИзвршителот Александар Пулејков на ден 26.09.2014 година учествуваше на промоција на третиот том од публикацијата “Меѓународни документи за независно и ефикасно судство” која беше во организација на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев. Презентација на публикацијата “Меѓународни документи за независно и ефикасно судство”

Одржана регионална тркалезна маса во Штип

IMG_0910На ден 26.09.2014 година во хотел ”Оаза” во Штип се одржа регионална тркалезна маса на тема „ Опсег и правни последици од примена на Кривичниот законик за кривични дела сторени при спроведување на извршувањето од страна на извршителот односно сторени од страна на странките и учесниците во извршувањето „. повеќе...

Известување

back-to-school_fixed_redСе известуваат сите заинтересирани дека писмениот и усниот дел од испитот за
извршители од септемвриска испитна сесија ќе се одржи на 29 септември
(понеделник) 2014 година со почеток во 9:30 часот писмениот дел и 13:00 часот усниот
дел, во просториите на Апелациониот суд во Скопје (во салата за колегиум).

Потпишување на меморандум за соработка

7849749B64342EA05A9D336176691A14Претседателот на Комората на извршители на Република Македонија Зоран Петрески и Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Анета Арнаудовска денеска  потпишаа меморандум за соработка. повеќе...

Јавен Оглас за прием на волонтер на определено време

2222222Врз основа на член  3 од Правилникот за систематизација на работните места во Стручната служба на Комората на извршители на Република Македонија и Одлуката на Управен одбор на Комората на извршители на Република Македонија на 107-та седница, се објавува

 

Јавен Оглас

За прием на волонтер на определено време (6 месеци) повеќе...

Зајакнување на финасиската дисциплина е клучна придобивка од воведувањето на извршителската професија во Србија — Александра Трешњев, претседател на Комората на извршители на РС

img_6915_2-253x300

Извор-Академик

Од 1 септември годинава на должност во Србија стапија нотарите. Пред две години, пак, своите места во српскиот правосуден систем ги зазедоа приватните извршители. Воведувањето на овие нови професии има за цел изградба на современ и ефикасен правен систем. Зајакнувањето на финасиската дисциплина е основна придобивка од работењето на приватните извршители, вели Александра Трешњев, претседател на српската Комората на извршители. Таа во интервјуто за АКАДЕМИК говори за предизвиците со кои се соочува оваа млада професија во Србија.  повеќе...

Потпишани договори за отпис на долгови

C2DEF95ACD2F639D14EDA46B68EA4B48

извор. МИА

 Заклучно со 03.09.2014 година до центрите за социјални работи се доставени 17.600 барања за отпис на долговите од граѓаните од социјално ранливи категории. Бараат отпис на долгови кон банките, за струја, парно и радио дифузна такса.


повеќе...

Работен состанок на директорот на Академијата „Павел Шатев“, г-ѓа Арнаудовска со претседателот на Комората на извршители, г. Зоран Петрески и извршител Христо Јованов член на управен одбор на КИРМ

sudija Aneta- izvrsiteliНа  3  Септември 2014 година, директорот на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во просториите на Академијата, со почеток во 10:00 часот одржа работен состанок со претседателот на Комората на извршители на Република Македонија, г. Зоран Петрески.

На работниот состанок беа разгледани можностите за воспоставување на поинтензивна и директна соработката помеѓу Академијата и Комората на извршители на Република Македонија која ќе се официјализира и со потпишување на Меморандум за соработка помеѓу двете институции. повеќе...

Стотици граѓани остаана и без плата и без пензија

penzioneri-naslovnaНеусогласеноста на Законот за бруто плата, Законот за парнична постапка(ЗПП), Законот за извршување како и Законот за задолжително осигурување може да остават стотици граѓани во Македонија без пензии затоа што наместо како до 2009 година кога работодавците исплатуваа посебно плати, посебно придонеси, сега тие мора да вршат интегрирана уплата на сите трошоци за еден работник. Повеќе…

 

Соопштение

2222222На ден 07.08.2014 година на 104-та седница Управниот одбор на Комората на извршители на Република Македонија донесе одлука да се приклучи кон Проектот на Владата на Република Македонија за еднократен отпис на долговите на граѓаните и да им препорача на сите извршители во најкраток можен рок да ја потпишат изјавата за интерес за склучување на договор  за еднократно отпишување на долговите. повеќе...

Известување

Friday7996На ден 17.07.2014 година, Претседателот на комората на извршители на РМ Зоран Петрески учествуваше на работилница на тема “Добро владеење и остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер”, која беше организирана од мисијата на ОБСЕ во Скопје и Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер. повеќе...

Благодарница

usaidКомората на извршители на Република Македонија,изразува искрена благодарност наПроектот за јакнење на судството USAID Македонија за несебичната помош и подршка која проектот континуирано ја пружа на Комората, како и за особени заслуги за развој и промоција на извршителската дејност и Комората на извршители на Република Македонија во јавноста.

Благодарница за Комората на извршители на РМ

srbijaНа вториот меѓународен семинар на Комората на изврштели на Република Македонија,кој се одржа во Ниш  Репубика Србија од 19 до 22 Јуни 2014 година, од страна на Претседателката на Комората на извршители на Република Србија  г-ѓа Александра Трешњев, беше врачена благодарница на Комората на извршители на РМ за донацијата која ја дадоа македонските извршители како помошна настраданото население од поплавените  подрачја во Србија .

Известување

bannerbg_mainНа ден 03.07.2014 година, во Академијата за судии и јавни обвинители се одржа советување на тема “Постапка по приговор против неправилности во постапката за извршување”.
Советувањето беше наменето за судии од граѓанските оддели од сите апелациони подрачја и претставници на Комората на извршители на Република Македонија. повеќе...

Покана за учество на советување кое го организира Здружението на правниците на РМ на тема: „Одговорностите и искуствата од досегашната примена на Законот за финансиска дисциплина во корелација со другите инструменти за дисциплинирање при плаќање на обврските“.

clip_image001Пред почетокот на летото во стручното списание „Правник“ ќе биде објавен трудот на тема „Тенденцијата на финансиско дисциплинирање на субјектите во деловните односи“.  Со овој труд го  реактуелизираме прашањето за Законот за финансиска дисциплина кој само добива на актуелност како по неговото донесување, а уште повеќе по почетокот на неговата примена  (1.5.2014 год). Пред само два месеци во мајското издание на списанието „Правник“, во пресрет на почетокот на примената на Законот,  беше објавен трудот; „Дискутабилни одредби во Законот за финансиска дисциплина“. повеќе...

ИНТЕРВЈУ СО ЗОРАН ПЕТРЕСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМОРАТА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РМ

зоран-петрески-8Претседателот на Комората на извршителите вели дека е свесен за лошиот глас кој ги бие извршителите, но тие само се последна алатка во системот. повеќе…

СЕМИНАР НА ИЗВРШИТЕЛИ: Eксперти од регионов дебатираа на теми од областа на извршувањето

seminar-izvrsiteliИзвршители од повеќе држави од регионот, високи претставници на македонското правосудство и универзитетски професори изминатиов викенд зедоа учество на семинарот кој во организација на Комората на извршители на Македонија (КИРМ) се одржа во Ниш, Република Србија. Извршување врз фидуцијарна сопственост, Примена на начелото на судење во разумен рок во извршувањето, Извршување врз основа на веродостојни исправа од страна на приватен извршител во Србија, Злоупотреба на правата на странките во извршувањето… – беа дел од темите на кои се говореше во рамки на настанот. повеќе...

Спојот на младоста и искуството гарантира дека извршителската професија ќе продолжи успешно да се развива — Зоран Петрески, новиот претседател на КИРМ

Zoran Petreski

Новоизбраниот претседател на Комората на извршители на РМ (КИРМ), Зоран Петрески вчера и официјално седна на претседателското столче. повеќе...

ИНТЕРВЈУ СО ГОРДАН СТАНКОВИЌ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМОРАТА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА МАКЕДОНИЈА

Гордан Станковиќ..

ИНТЕРВЈУ СО ГОРДАН СТАНКОВИЌ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМОРАТА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА МАКЕДОНИЈА

Известување за Копаоничката школа на природното право за 2014

clip_image002           КОПАОНИЧКА ШКОЛА ПРИРОДНОГ ПРАВА

                                                                                                                                 27 годинa

обавештава правничку и другу научну и стручну јавност да расписује

                                                                     К О Н К У Р С

 За пријем и објављивање реферата поводом 27. сусрета учесника Копаоничке школе  који ће се одржати од 13. до 17. децембра 2014. године под сталним насловом «Правда и право».

повеќе...

ИЗВРШИТЕЛИТЕ СЕ СООЧИЈА СО ОБВИНИТЕЛИТЕ: Над 100 кривични пријави поднесени против извршителите во период од 7 години


Извршителите и јавните обвинители од скопското апелационо подрачје седнаа на иста маса по иницијатива и во организација на Комората на извршители на РМ (КИРМ).  Опсегот и правните последици о
д примената на Кривичниот законик за кривични дела сторени при  спроведување на извршувањето од страна  на извршителот односно од  страна на странките и учесниците  во  извршувањето беше темата во фокус на оваа средба презентирана од поранешниот министер за правда Михајло Маневски. На средбата присуствуваа и судии, како и претставници на Министерството за правда и Министерството за внатрешни работи.

Комората на извршители на Република Македонија избра нови членови на органите на КИРМ.

DSC_9281Собранието на Kомората на извршители на Република Македонија на седница во Прилеп на 29.03.2014 избра нови членови на органите на Комората на извршители со мандат започнувајки од 10.06.2014 година.
За претседател на Комората е избран Зоран Петрески, извршител од Скопје.
За членови на Управниот одбор се избрани Гордан Станковиќ од Скопје, Премтим Ќерими од Куманово, Христо Јованов од Скопје, Емилија Павловска од Штип, Славица Ацовска од Тетово и Милица Николовска од Битола.

Годишно собрание на КИРМ: Годинава за првпат на средби со обвинителите

ИЗВРШИТЕЛИТЕ СЕ СООЧИЈА СО ОБВИНИТЕЛИТЕ: Над 100 кривични пријави поднесени против извршителите во период од 7 годиниВторник, 4 февруари 2014 – Регионални средби со обвинителите и за првпат страници во печатените медиуми преку кои ќе се информираат извршителите за сите тековни состојби, ова се новините кои во Годишнот извештај ги усвоија извршителите на Годишното собрание на Комората на извршители на РМ, што викендов се одржа во Струмица. Печатените изданија на издавачката куќа „АКАДЕМИК“, како и најдобрата збирка на важечки прописи со дневно ажурирање „АКАДЕМИКА“, ја дополнија информираноста во извршителската фела. 

повеќе...

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Коморите на Извршители на Србија и Македонија

22222Bo пpонеделник 09.12.2013  во просториите на Kомората на извршители на Србија, претседателот г-дин  Михаило Драговиќ се сретна со претседателот на Комората на Извршители  на Македонија г-динот Гордан Станковиќ и неговите соработници. 
Во таа прилика е потпишан Меморандум за соработка помеѓу Комората на Србија и Македонија, која преку меѓународна размена на искуства, има за цел  унапредување на  извршувањето  во овие две земји. 

Министерот за правда Blerim Bexheti го назначи Јасер Асани за извршител во Гостивар и Кичево

Министерот за правда Blerim Bexheti назначувајќи го и честитајќи му на  Јасер Асани од Гостивар за извршител на подрачјето на Основниот суд во Гостивар и Основниот суд во Кичево истакна дека вкупниот број на именувани извршители на ова подрачје изнесува 5 извршители.

повеќе...

КИРМ за објавувањето на ЕМБГ во дневните весници: Проблемот е во колизијата на одредби, навремено интервениравме со предлог за нивно уредување

Четврток, 14 ноември 2014 - Немаме информации дали постојат извршители кои заработиле казни за објавување единствените матични броеви на граѓани во дневните весници, велат од  Комората на извршители на РМ (КИРМ) за Академик, откако вчера беше објавено дека Дирекцијата за заштита на личните податоци поднела прекршочни пријави против четворица извршители. Комората истакнува дека суштината на создадениот проблем е во толкувањето, колизијата и  примената на законските одредби и од тие причини претходно алармирале дека  постоечките решенија создаваат проблеми во пракса. За ова прашање тие го искажаа својот став преку соопштение.

Интегрално Ви го пренесуваме соопштението на Комората на извршители на РМ: повеќе...

Комората на извршители на Република Македонија потпиша Меморандум за соработка со Комората на приватни извршители на Република Бугарија

mk-bg_sorabotkaКомората на извршители на Република Македонија и Комората на приватни извршители на Република Бугарија потпишаа Меморандум за соработка со кој се интензивира соработката помеѓу двете Комори воспоставувајќи рамка за размена на искуства и добри практики во сферата на извршувањето.

Комората на извршители на Република Македонија потпиша Меморандум за соработка со Комората на приватни извршители на Република Aлбанија

Во рамки на одржувањето на Семинарот на извршители кој се одржува во Драч , Република Албанија денеска Комората на извршители на Република Македонија и Комората на извршители на Република Албанија потпишаа Меморандум за соработка. Со овој меморандум се продлабочува и соработката меѓу двете земји во областа на извршувањето. На потпишувањето на Меморандумот беа присутни министрите за правда на Република Македонија BlerimBexheti и на Република Албанија Eduard Halimi. повеќе...

Огласи за продажба

nedvizen imot

Најди извршител

mapa_mk
LogoHeader2014
aukciska_kukja

Академик

image001

Член на Деловен совет

uacs_logo

зсрм

header
December 2014
M T W T F S S
« Nov    
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  
QRCode