Информации за нови извршители

ИНФОРМАЦИИ ЗА НОВОИМЕНУВАНИ ИЗВРШИТЕЛИ

 

По именување од страна Министерот за правда и по добивање на Повелба за именување, новоименуваниот извршител согласно член 35 став 3 од ЗИ во рок од три дена од денот на предавањето на повелбата, потребно е во Комората на извршители да поднесе:

 

  1. Склучен договор за осигурување од одговорност за штета сторена на трети лица;
  2. Барање до Претседателот на КИРСМ, за изготвување мислење за утврдување на просторни услови согласно Правилникот за видот на опремата и просторот потребни за вршење на извршни работи, превземи тука :
  3. Барање до Претседателот на КИРСМ, за донесување на решение за определување на ден за отпочнување со работа како извршители согласно член 35 став 5 од ЗИ;
  4. Барање до Претседателот на КИРСМ, за одобрување и заверка на отисоци од печат, штембил и пломба, согласно член 36 став 2 од ЗИ;
  5. Барање за упис во Именикот на извршители на РСМ;
  6. Пополнета пријава за обезбедување на податоци преку едношалтерски систем до Централен регистар (Образец ПЕ) превземи тука:  Образец ПЕ

Забелешка :

–       Пријавата на страна 1 ја потпишува Претседателот на КИРСМ како овластено лице на Основниот Регистар, на страна 2 се потпишува извршителот.

–       Идентификациониот број  го добивате во КИРСМ како Основен Регистар

7. Образец заверен потпис –ЗП заверен на нотар;

превземи тука: Образец заверен потпис ЗП

8. Решение за именување на извршител–заверено на нотар;

9.Повелба за именување на извршител –заверена на нотар;

10. Копија од лична карта на извршител;

11.  Известување за е-маил адреса и телефонски броеви за контакт и банка депонент за посебната сметка на извршителот.

 

Потребни податоци за упис во електронски Именик на извршители на  КИРСМ  :

  1. Решение од Централен регистар на РСМ
  2. Број на посебна сметка на извршител и депонент банка
  3. Обрасци  М1 и М2 -копија
  4.  Е-маил адреса на извршител

 

Потребни податоци за Книгата за депонирање на потпис, печат, штембил и пломба , согласно член 36 став 2 од ЗИ и Праилникот за формата и содржината на таблата за означување на службената просторија на извршителот, печат, штембил, пломба, потпис, дигитален сертификат на извршителот и заменикот и начин на нивно користење :

 

  1.  Потпис, печат, штембил и пломба на извршител

Во случај на губење на печатот или штембилот извршителот е должен веднаш по електронски и писмен пат да извести судот на чие подрачје е неговото седиште и Комората согласно чл. 36 ст. 8 од Законот за извршување.

 

Забелешка: Објавата на Решението за определување на денот за почеток со работа во Службен весник на РСМ  ја врши Комората на извршители согласно чл.35 ст.5 од ЗИ.

 

За новоименуваниот извршител кој го продолжува извршувањето на предметите на извршителот чија должност престанала, согласно член 74 став 2: Комората ќе објави известување во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и во два дневни весници, од кои што едниот на службен јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија, на кои што македонскиот јазик и кирилско писмо не им е мајчин јазик, кој извршител ги презема предметите од извршителот чија должност престанала.

 

Барањето за упис во Централниот регистар се доставува преку Комората на извршители на РСМ.

 

Легитимацијата на извршителот ја издава Министерство за правда до каде што се поднесува барање за издавање на легитимација согласно чл.37 од ЗИ и

Правилникот за формата и содржината на легитимацијата на извршителот и на заменикот на извршител, начин на нејзиното издавање, одземање и поништување, превземи тука:

Pravilnik za2 formata i sodrzinata na legitimacijata izvrsitelot sl.v.br.226.16

 

 

Корисни Информации:

–       Уписнина во КИРСМ изнесува 12.500,00 денари

–       Месечната членарина изнесува 6.000 денари

–       Кварталниот извештај за работата на извршителот ,се пополнува на образец, се доставува 4 пати во годината, во електронска форма до Министерство за правда  на е-маил: sektor.nim@justice.gov.mk и до Комората на извршители на е-маил: izvestaj@kirm.mk во рок од 10 дена по истекот на кварталот, определено со член 56 ст.1 од ЗИ и Правилник за формата и содржината на кварталниот извештај и годишниот писмен извештај за работата на извршителот.

–       Образецот од кварталиниот извештај е составен дел од Правилникот за формата и содржината на кварталниот извештај и годишниот писмен извештај за работата на извршителот објавен на сајтот на Комората http://kirm.mk/?page_id=39

 

–       Согласно член 49 став 1 од ЗИ: Секој извршител има обврска да достави предлог до за именување на заменик на извршител во рок од 30 дена од денот на започнување со работа.

–       Согласно член 50 став 6 од ЗИ: Извршителот е должен, истовремено со именувањето на неговиот заменик-извршител, да му издаде овластување на заменикот да располага со редовната и посебна сметка.

–       Согласно член 36 став 4 од ЗИ: Извршителот е должен да обезбеди дигитален сертификат издаден од овластен издавач на сертификати (електронски потпис) веднаш по давањето на свечената изјава.

–       Согласно член 36 став 10 од ЗИ: Извршителот пред започнувањето со работа е должен да се поврзе електронски со Агенцијата за катастар на недвижности, Клириншките куќи, банките, Централниот регистар, Управата за водење на матични книги, Министерството за внатрешни работи и за конкретен предмет по електронски пат да ги доставува налозите, записниците, заклучоците, и другите документи кои произлегуваат од вршењето на неговата работа.

–       Согласно член 35 став 12 од ЗИ: Именуваниот извршител е должен најдоцна во рок од 30 дена од денот на именувањето, да пополни анкетен лист со детален попис на недвижен имот, подвижни предмети од поголема вредност, хартии од вредност и побарувања и долгови, како и друг имот што е во негова сопственост, или сопственост на членовите на неговото семејство, со наведување на основот на стекнување на пријавениот имот и депонира заверена изјава од нотар за откажување од заштита на банкарска тајна во однос на сите сметки во домашни и странски банки. Анкетниот лист се доставува до Државната комисија за спречување на корупција и Управата за јавни приходи. Превземи Образец тука :

https://dksk.mk/647-2/

 

–       Извршителот согласно член 178 став(2) од ЗИ има обврска Заклучокот за продажба со усно јавно наддавање да се објавуви во најмалку еден дневен весник кој излегува на целата територија на Република Македонија и електронски на веб страницата на Комората. Огласот кој треба да се објави на веб страната на КИРМ се доставува до Комората на е-маилот: oglasi@kirm.mk

Преводот на содржините е целосно автоматизиран

Преводот на содржините е целосно автоматизиран

Партнерства и соработка

Јавни објави за достава

Logotype1111

2025/3197
Извршител: Павел Томашевски
Име/назив на странката: Друштво за производство промет и услуги МИПРОМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје
Позната адреса: БОРИС ТРАЈКОВСКИ 117/-,
Бр.на предмет: 1327/2025
Рок: 1 ден

2025/3195
Извршител: Александар Чамовски
Име/назив на странката: Лефтер Андонов
Позната адреса: ул.Прашка бр.10-10 Скопје
Бр.на предмет: И.бр.762/2022
Рок: 1 ден

2025/3194
Извршител: Николина Иванова
Име/назив на странката: Васко Ковачевски и Јована Ковачевска
Позната адреса: ул. „Димитар Илиевски-Мурато“ број 10-10, Битола
Бр.на предмет: И.бр. 941/2025
Рок: 1 ден

2025/3193
Извршител: Павел Томашевски
Име/назив на странката: Друштво за производство,трговија и услуги ТИС Инженеринг РМК ДООЕЛ Скопје
Позната адреса: ул.Ѓоре Ѓорески бр.113 Бутел
Бр.на предмет: И.бр.484/2018
Рок: 1 ден

2025/3192
Извршител: Зорица Симиќ
Име/назив на странката: Друштво за трговија и услуги ЛЕМИНГТОН ДООЕЛ Скопје
Позната адреса: бул.„Јане Сандански” бр.90
Бр.на предмет: 114/2025
Рок: 1 den

Продажба на имот

 





НЕДВИЖЕН ИМОТ


  1754/2024
Тип недвижност: Куќа
Извршител: Павел Томашевски
Датум продажба: 2025-12-25
 имотен лист бр. 4294, за КО ВОЛКОВО,Продажбата ќе се одржи на ден 25.12.2025 година во 12.00 часот во просториите на Извршителот.
Почетна цена: 2,900,000
Квадратура: 97
Град: Скопје


  708/2025
Тип недвижност: Друго
Извршител: Славица Ацовска
Датум продажба: 2025-12-24
 11178 КО ЛЕШОК-други објекти од лесна и незагадувачка индустрија-Продажбата ќе се одржи на ден 24.12.2025 година (среда) во 11:00 часот во просториите на Извршителот .
Почетна цена: 107,523,252
Квадратура: 1436
Град: Тетово


  762/2022
Тип недвижност: Стан
Извршител: Александар Чамовски
Датум продажба: 2025-12-25
 имотен лист бр.86580 КО КАРПОШ при АКН Скопје ,Продажбата ќе се одржи на ден 25.12.2025 година во 12,00 часот во просториите на Извршителот .
Почетна цена: 13,658,241
Квадратура: 107
Град: Скопје


  2127/2023
Тип недвижност: Куќа
Извршител: Александар Чамовски
Датум продажба: 2025-12-26
 имотен лист бр.3975 КО СТРУМИЦА,Продажбата ќе се одржи на ден 26.12.2025 година во 12,00 часот во просториите на Извршителот .
Почетна цена: 6,172,644
Квадратура: 72
Град: Струмица


  931/2023
Тип недвижност: Куќа
Извршител: Славе Дончев
Датум продажба: 2025-12-24
 3/4 дел на посед -Имотен лист бр 444 КО ПехчевоАКН Берово, Продажбата ќе се одржи на ден 24.12.2025 година во 13:00 часот во просториите на канцеларија на Извршителот.
Почетна цена: 695,673
Квадратура: 66
Град: Берово


ПОДВИЖЕН ИМОТ


 421/2025
Движнина: Друго
Извршител: Роза Родиќ
Датум на продажба: 2025-12-15
  Патничко возило тип A212 D2.9 TD марка MERCEDES KOMBI, -Регистарски ознаки SK605-LJ-
Број на шасија WDB9024721P740106-
Број на матор 60298000130754 и други подвижни предмети-Продажбата ќе се одржи на ден 15.12.2025 година во 12:00 часот во просториите на Извршителот.

Почетна цена: 62,197
Град: Скопје


 709/2025
Движнина: Друго
Извршител: Славица Ацовска
Датум на продажба: 2025-12-24
  Фотоволтаична централа со капацитет од 169 kw-Изведува КМГ ЕОЛ КВАЗАР-Тип-6 инвертери- ФРОНИУС/ЕСО панели (КОЛИЧИНА 631) 169 KW инсталирана моќност-Година на производство 2018/2019 и други подвижни предмети-Продажбата ќе се одржи на ден 24.12.2025 година (среда) во 12:00 часот во просториите на Извршителот .
Почетна цена: 8,128,455
Град: Тетово


 1231/2025
Движнина: Друго
Извршител: Горан Манојлов
Датум на продажба: 2025-12-24
  Подвижни предмети по спецификација на која може да се изврши увид во канцеларијата на Извршител Горан Манојлов на ул,,Маршал Тито,,бр.11/2 во Кочани.Продажбата ќе се одржи на ден 24.12.2025 година во 12:00 часот во просториите на Извршителот.
Почетна цена: 3,380,738
Град: Кочани


 904/2024
Движнина: Друго
Извршител: Васко Блажевски
Датум на продажба: 2025-12-10
  -Товарно возило Renault, тип CL5 Equilibre 1.0 TCe 100 ks LPG, код CL5 E2W M6 6U S, зафатнина на мотор (cm3) 999, моќност на моторот (KW/KS) 74, број на седишта 2, боја на возило Бела, година на производство 2023, број на мотор U243757, број на шасија VF1RJA00670784199, со поминати 13 km, со вредност од 17.552,00 евра, во денарска противвредност по среден курс на НБРСМ, на денот на продажбата,Продажбата ќе се одржи на ден 10.12.2025 година (среда) во 12:00 часот во просториите на Извршителoт.
Почетна цена: 0
Град: Скопје


 994/2018
Движнина: Друго
Извршител: Весна Јакимовска
Датум на продажба: 2025-12-10
  Градежна механизација хидрауличен багер со тркала Schaeff HML 30 капацитет на кофа 0,3m3, досег на рака 5,5m, вид на мотор perkins 4.236, моќност на мотор 45.5 kw, погонско гориво:дизел, портокалова боја, маса 7700-7900kg, година на производство 1995 год, гуми 15.5/55r18, 12.0-18 , 8.25.-20,Продажбата ќе се одржи на ден 10.12.2025 во 11:00 часот во просториите на Извршителот .
Почетна цена: 179,888
Град: Гостивар

Обука за обучувачи (ТоТ)

1111

Одлуки

Logotype1111

Дисциплинска комисија

Најди извршител

mapa_mk

Огласи за продажба

nedvizen imot
New Image
LogoHeader2014
aukciska_kukja

Академик

image001

Член на Деловен совет

uacs_logo

зсрм

header
QRCode
lupa-6

Испит за извршители

ispit na izvrsiteli 2

bannerbg_main

usaid

Најчести прашања

prasalnik 2

26122011162156_g_komisija-za-zastita-na-prav

usaid

Анкета

Новиот дизајн е:

Резултати од гласањето

Loading ... Loading ...
December 2025
M T W T F S S
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031