Дисциплинска комисија
Дисциплинската комисија е составена од пет члена.
Членовите на Дисциплинската комисија имаат заменици.
Членовите на Дисциплинската комисија и нивните заменици ги избира Собранието на Комората и тоа членовите од редот на Комората на предлог на извршителите, а членовите од редот на судиите и нивните заменици на писмен предлог од страна на Судскиот совет на Република Северна Македонија и еден член и негов заменик од редот на обвинителите на писмен предлог на Советот на јавни обвинители на РСМ, со мнозинство на гласови од присутните со тајно гласање.
Начинот на предлагање и спроведување на гласањето ќе се уреди со Деловникот за работа на Собранието.
Дисциплинската комисија на својот прв состанок избира Претседател и Заменик претседател на дисциплинската комисија.
Дисциплинската комисија ја спроведува дисциплинската постапка, по предлог од овластен подносител.
Правата и надлежностите, водењето на постапката, како и донесувањето на Одлука се регулираат со Правилникот за дисциплинска одговорност и дисциплинска постапка.