Мисија Визија
ВИЗИЈА на КИРМ
Комората на извршители на РМ е финансиски стабилна, технички и структурно и кадровски опремена организација, со изграден и препознатлив имиџ во РМ и на меѓународен план, која преку своето дејствување го штити угледот и честа на нејзините членови и обезбедува учество на нејзиното членство во донесувањето на законската регулатива за вршењето на нивната дејност, ја следи судската и извршителска практика и обезбедува континуирана едукација на извршителите.
МИСИЈА НА КИРМ
КИРМ е организација во која по закон членуваат сите извршители и нивните заменици, која се грижи за заштита на статусот и угледот на извршителите, заради зголемување на довербата на граѓаните во правосудниот систем.
КИРМ тоа го постигнува преку учество во креирање на законската регулатива, континуирана едукација на членството, следење на судската и извршителска практика и нејзино воедначување, соработка со институциите во системот и сродните меѓународни организации