Надзорен одбор
Членови на Надзорниот одбор на КИРСМ:
- Претседател на Надзорен одбор, Зорица Симиќ, извршител од Скопје
- Заменик претседател на Надзорен одбор, Златко Трајановски, извршител од Прилеп
- Член на Надзорен одбор, Петре Темелков, извршител од Радовиш
Надзорниот одбор на Комората го сочинуваат претседател и двајца членови, што ги избира Собранието на Комората од редот на своите членови.
Надзорниот одбор ја следи примената на одредбите на овој Статут и другите општи акти на Комората, од страна на органите и телата на Комората.
Надзорниот одбор го проверува материјалното и финансиското работење на Комората, како и начинот на користење на средствата на Комората.
Сите органи и тела на Комората се должни да му обезбедат услови за работа на Надзорниот одбор, во врска со вршењето на надзорот.
Надзорниот одбор е должен да поднесува до Собранието на Комората извештај за својата работа, за примената на Статутот и другите општи акти на Комората, како и за материјалното и финансиско работење на Комората, најмалку еднаш годишно, при усвојувањето на извештаите и програмите за работа за претходната година и завршната сметка на Комората.
Седницата на Надзорниот одбор ја свикува и раководи претседателот на Надзорниот одбор.
За одржаната контрола или седница се води записник. Записникот го потпишуваат сите членови на Надзорниот одбор.
Надзорниот одбор, покрај наведените работи во овој Статут, може да врши и други работи што ќе му ги стави во задача Собранието на Комората.